Албанија има 750.000 бункери

Помеѓу 1973 и 1982 година, албанскиот диктатор Енвер Хоџа изгради стотици илјади бетонски бункери за да го заштити својот народ во случај на инвазија.

Енвер Хоџа (1908-1985), диктаторот кој владееше со Албанија од 1944 година до неговата смрт во 1985 година, беше убеден дека неговата земја неизбежно ќе биде нападната од соседите, од пактот на НАТО или од Советскиот блок.

Се проценува дека за време на режимот на Хоџа биле изградени 750.000 бункери за две лица. Изградбата започнала во 1967 година и драматично се зголемила во доцните 60-ти години, кога земјите од Варшавскиот пакт, своевремено албански сојузници, ја окупирале Чехословачка.

Никој не знае точно колку од тие бетонски кутии биле подигнати, но проценките се движат од петстотини илјади до милион. Повеќето од нив се мали бункери во висина од 2,1 m и се состојат од цилиндрична основа со дијаметар од 1,8 m со засводен таван и тенка хоризонтална дупка.

Имало и поголеми со бетонски куполи, широки осум и високи пет метри, кои можеле да засолнат десет лица и чии sидови, дебели еден метар, можеле да издржат непрекинат артилериски оган. Преовладува мислењето, засновано на мал број воени извештаи, лични сеќавања и модерни истражувања,  дека имало меѓу дваесет и четири и дваесет и седум бункери на квадратен километар.