Албанија испраќа тим лекари во Италија

Албанија испрати 30 лекари и медицински сестри денеска за да и помогнат на Италија, најтешко погодената земја во Европа во пандемијата на коронавирус. Медицинскиот тим на аеродромот беше придружуван од премиерот Еди Рама.

“Медицинските лица ќе заминат во Ломбардија да ги помогнат своите италијански колеги“, порача Рама од аеродромот. Во Италија живеат околу 400.000 Албанци, а медицинскиот тим ќе остане таму еден месец.

„Денес сите сме Италијанци. Италија ќе победи во оваа битка“, рече Рама на аеродромот. Албанија, која сама се соочува со недостиг на лекари – има 1,2 лекари на 1000 жители, за разлика од Италија, која според Светската здравствена организација има 4,1. Во Албанија досега 10 лица починаа од „Ковид-19“, а речиси 200 се заразени.

Advertisement