Албанија ја засилува одбраната, купи шест артилериски системи „Боран“ од Турција

Договорот за нивна набавка е потпишан со турската државна компанија MKE (Компанија за машинско индустриско производство) и предвидува испорака на шест топовски системи од 105 милиметри, како и соодветна муниција.

Албанија купи шест артилериски системи „Боран“ од Турција, со што стана третата земја во светот што купува ваков систем, по Македонија и Бангладеш, објави турскиот медиум „Улу Савунма“.

Договорот за нивна набавка е потпишан со турската државна компанија MKE (Компанија за машинско индустриско производство) и предвидува испорака на шест топовски системи од 105 милиметри, како и соодветна муниција.

Со тежина од речиси 1.700 килограми, овој систем може да се транспортира по воздушен пат со помош на хеликоптери „Блек Хок“, со кои веќе разполага албанското воздухопловство. Во состојба е да реализира од 6 до 12 испукувања во минута и гарантира висока точност благодарение на својот систем за контрола на огнот, потпомогнат од GPS технологијата.

Системот „Боран“ е опремен со интегриран радар за мерење на брзината на проектилот кога излегува од цевката на топот, електрооптички ласерски далекомер и балистички компјутер за контрола на огнот. Дизајниран е да биде интегриран во мрежно поддржана командна и контролна архитектура, што му овозможува да работи во заедничка оперативна средина.

Максималниот дострел на отпуштање на топот од 105 мм е до 17 километри.