Албанија лани ја посетиле 7,5 милиони странски туристи

Албанската министерката за туризам и животна средина Мирела Кумбаро објави дека минатата година Албанија ја посетиле 7,5 милиони странски туристи.

Според неа, нивниот број е поголем за 1,9 милиони споредено со 2021 година и 18 отсто повеќе од 2019 година, која досега го држеше рекордот по посетеност.

Кумбаро истакна дека покрај зголемениот проток на посетители интересни се и податоците за географијата или земјите од кои доаѓаат туристите. Имаме 85 отсто повеќе посетители од Англија, 3,7 пати од Шпанија, двојно повеќе од Словенија, трипати повеќе посетители од Холандија, 84 отсто од Турција; двапати од нордиските земји и секако гостите од Косово кои се наш најсилен столб, наведува Кумбаро.

Таа додаде дека истиот тренд го покажуваат и посетителите од Балканот, од Македонија и од Црна Гора, додека за над 50 отсто е зголемен бројот на туристи од Романија, Хрватска и Бугарија.

Бескрајна благодарност до целиот туристички сектор и засукајте ги ракавите за оваа година. Имаме најголема обврска да понудиме максимален квалитет во услугата, посочува Кумбаро.

Advertisement