Албанија: Насилни протести во Тирана над 20 повредени (ВИДЕО)

Албанската опозиција синока во Тирана одржа големи антивладини протести кои околу 19 часот  се претворенија во насилни протести. Дел од демонстрантите со молотови коктели прво го запалија влезот на Владата, а беа опожарени и повеќе прозорци, а потоа и главната врата на Собранието. Следеше интервенција на полицијата која се судри со дел од демонстрантите кои на насилен пат се обидоа да влезат во  Собранието и Владата, а потоа полицијата употреби и  водени топови и солзавец.

Судирите на полицијата со демонстрантите продолжија до доцните часови при што според албанските медиуми  се повредени околу 2о-тина лица меѓу кои има и полицајци и камермани. Во немирите се повредени  двајца камермани на албанската телевизија Топ Чанел. Меѓу демонстрантите имаше и лица со маски кои ги предводеа насилните акти врз објектите на Владата и Парламантот. Во насилните акти учествуваа и високи функцинери на Демократска партија, кои потоа беа повведени по што следеа протести и пред албанското МВР со цел полицијата да ги ослободи повредените.

Додека се одвиваа протестите на кои учествуваа повеке илјади приврзаници на опозицијата кои беа предводени од страна на претседателот на Демократската партија Лулзим Баша и духовниот водач на десницата и поранешен претседател и премиер на Албанија Сали Бериша, амбасадите на САД и ЕУ во Тирана побараа од опозицијата да не применува сила. Тие ја оценија како мошне напната и тешка состојбата  на синоќешните протрести кои добија и насилен карактер.  

Лидерот на десницата Лулзим Баша најави продолжување на протестите се додека се собори владата на, како што рече, криминалецот Еди Рама, кој ја покраде земјата и е виновен за состојбата во Албанија. Од друга страна албанскиот премиер Еди Рама на неговиот профил на Твитер ги осуди насилствата и нагласи дека опозицијата со недемоктратски средства сака да дојде на власт. И претседателот на државата Илир Мета побара да престанат насилствата на протестите, а власта да престане со голема употреба на сила врз демонстрантите .

Протестите на опозицијата во Албанија добиваат во интензитет во време кога во земјата  институциите се подготвува за одржување на локалните избори кои ке се одржат идниот месец, односно на 3о јуни. Албанските аналитичари оценуваат  дека  опозицијата  наредните денови ке продолжи со радикализација на протестите , се со цел да овозможи блокирање на локалните избори, и формирање на техничка влада за одржување на предвремени парламантарни избори заедно со локалните, на што премиерот Рама се спротивставува и вели дека ке има само локални избори.