Албанија: Обвинувања за криминално досие и за новиот градоначалник на Вора

 

По доставеното барање од опозициската Демократска партија, која претендира дека градоначалникот на општина Вора, има криминално досие, јавното обвинителство во Тирана почна постапка за верифкација на изнесените обвинувања.

Оваа институција доставила официјален допис до грчките власти со кој бара информации за градоначалникот на Вора, Агим Кајмаку,дали бил осудуван во периодот додека живеел во Грција со идентитет Јорго Тото. Во исто време Одделението за декриминализација при обвинителството побарало од Кајмаку отпечатоци од прстите во соодветниот полициски сектор.

Извори за телевизијата „Репорт” посочуваат дека официјалното барање потпишано од обвинителот Арбен Краја било испратено во петокот. Според демократите Кајмаку во 1996 година во албанското матично одделение го сменил идентитетот и со семејството заминал за Грција каде останал до 2003,каде бил осуден а потоа и протеран.

Тој отфрла дека бил осудуван, но потврдува дека го сменил идентитетот со цел да добие виза за Грција,каде работел по што се вратил во Албанија и има свој бизнис. Ова е втор новоизбран градоначалник,кој е од редовите на владејачката социјалистичка партија за кого Обвинителството бара информации од друга земја.

Преходно тоа го побара од италјанските власто за Валдрин Пјетри, кој на зборте на 30 јуни беше избран за градоначаланик на Скадар. По обвнувањата од страна на опозцијата дека во Италија бил осудуван за шверц на дрога и одлуката на Обвинителството да почне постапка Пјетри се откажа од градоначалничката фотелја на која официјлано не ни седна. Тој образложи дека сака да ја докаже својата невиност како обичен граѓанин.

Advertisement