Албанија одбележува 106 години независност

Со симболично подигнување на националното знаме во Валона, денеска почна одбележувањето на 106-тата годшнина од независноста на Албанија. Во Валона со потпишување на Декларацијата за независност и развејување на национланото знаме, Исмаил Ќемали, првиот албански премиер, на 28 ноември 1912 година ја прогласи независноста на Република Албанија.

На свеченоста присуствуваа шефот на државата Илир Мета, премиерот Еди Рама, спикерот на парламентот Грамоз Ручи и други високи гости, кои положија венци и свежо цвеќе на Споменикот на независноста. Опозицијата, предводена од демократите на Љуљзим Баша, почит оддаде пред Споменикот на народните херои во Тирана, одбележувајќи го и денот на ослободувањето на Албанија 29 ноември 1944 година. Со бројни свечености Денот на независноста се одбележува низ цела Албанија.

Advertisement