Албанија: Полицијата разби четири опасни криминални групи

Во голема полициска акција спроведена во последните три денови во повеќе градови во Албанија, разбиени се четири опасни криминални групи и уапсени се 27 лица. Албанскиот министер за внатрешни работи Фатмир Џафај ги пофали полициските службеници, за нивната одлучност во спроведување на акцијата под кодно име „Силата на законот“ и позитивните резултати во тој правец.

Во изминатите три денови во акцијата спроведена во 12 градови, извршените контроли во 100 објекти, уапсени се 27 лица а по шест се уште се трага. Станува збор за четири опасни криминални групи вклучени во трговија со дрога. Акцијата е плод на повеќемесечна истрага, напиша на твитер Џафај.

Тој ги отфрла информациите пласирани во некои од медиумите дека постои „крт“ во редовите на полицијата, кој издал информации. Во широката полициска акција биле вклучени 1.500 припадници на Министерството, вклучувајќи ги и специјалната единица „Ренеа“ и онаа за брзи интервенции.

Advertisement