Албанија: Сопственик на бар качен на шофершајбната на комбето ги тероризира шпански туристи (ВИДЕО)

Видеото снимено од шпански туристи на патот што води кон туристичкиот центар Саранда ќе ја чини Албанија огромен број странски туристи догодина. Сопственик на бар качен на хауба од возилото во движење се обидува да ја скрши шоферпајбната и да влезе да се пресмета со туристите. Тие пак советувани од нивни пријател од Албанија кој е со нив во возилото продолжуваат да возат и го снимаат инцидентот. Во обидот да ја скрши шоферпајбната насилникот си ги раскрвавува рацете. Хорор приказната завршува откако насилникот веќе нема сила да остане на хаубата од возилото.

Advertisement