
Во четвртото мислење за Албанија, Советодавниот комитет на Советот на Европа за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства (ФКНМ) ја повика Албанија да го почитува принципот на слободна самоидентификација на националните малцинства во Република Албанија.
Советот на Европа апелира да се примени законите донесени во овој поглед. За ова, извештајот на советодавниот комитет бара од властите да го забранат упатувањето само на архивската евиденција и на регистарот за граѓански статус во врска со верификацијата на самопрогласените лица како припадници на нацонални малцинство во Албанија.
Во 2011 година се спроведе попис, вклучувајќи го и националноста. Но резултатите не беа признати од сите национални малцинствата. Во 2020 година е најавен попис но советот на европа го повикува албанија, изјаснувањето за националноста и верата да биде задолжително.
Советот на Европа исто така, бара повеќе напори за подобрување на условите за живот на националните малциства, особено во однос на пристапот до вработување, образование и здравство, и нивната социјална интеграција и по голема можност за да се промовират во јавниот живот.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden