Албанија: Власти блокираа 5,4 милиони евра и седум апартмани стекнати од криминали

Во рамки на акцијата „силата на законот“, во градот Лежа, албанските власти блокираа банкарски сметки вредни 5,2 милиони евра и седум апартмани, под сомнение дека се стекнати од криминални активности. Според полицијата, банкарските сметки и одземените станови се во сопственост на П.Вочи (83) и неговата ќерка Ш.П(50).

Конфискацијата следуваше по спроведената темелна истрага на полицијата од Лежа, која му ги предаде материјалите на Обвинителството врз основа на основано сомневање дека стекнатиот имот е од криминална активност. По спроведената истрага и по барање на обвинителот Е.Ш, судот во Лежа донесе одлука за одземање парични средства и недвижен имот во Лежа и Тирана – стои во полициското соопштение.

Финансиските средства биле на име на Ш.П, депонирани во филијала на банка во Албанија. Подолг период во Швајцарија живеел братот, како и деверот, кој пред неколку месеци бил уапсен, по што албанската полиција, по барање на швајцарските колеги, почнала верификација во врска со неговите активности. Обвинителството продолжува со истрагата бидејќи постои основано сомнение дека имотот е стекнат од трговија со дрога, главно во Швајцарија.

Advertisement