Албанската опозиција демантира дека има поддршка од Москва

Лидерот на најголемата опозициска партија, Демократската (ДП), Љуљзим Баша ги отфрли информациите дека обединетата опозиција има поддршка од Москва за одлуката да се откаже од пратеничките мандати и масовните антивладини протести.

Баша изјави дека ваквата пропаганда е потсетување на пропагандата од времето на Енвер Хоџа.

„Младите луѓе можеби не се сеќаваат. Кога ништо друго не се случувало бил измислуван надворешен непријател кој го поддржувал внатрешниот противник. И сега, во овој случај, оние кои
го измислиле ова, ми се чини дека се од времето на Енвер“, изјави Баша за Клан телевизија

Тој вели дека Еди Рама е оној кој ги дочекува руските олигарси во канцеларија, тој им ја дал нафтата на Русите и дека Путин освен кај Еди Рама нема подобра инвестиција на друго место. повторно го дочек

Advertisement