Албанската полиција откри 27 мигранти од Ирак

Продолжуваат обидите на илегални мигранти од Блискиот исток, да влезат во Албанија и патот да го продолжат во земјите на ЕУ. Полицијата од градот Фиер во возило на жител на Саранда открила 27 мигранти државјани на Ирак,кои илеглано влегле на албанска територија.

-Во рамките на регионалната операција „Joint Action Days” за борба против трговијата со луѓе на Балканот, структурите на локалната дирекција на полицијата во Фиер, во соработка со Интерпол Тирана и Генералниот директорат на државната полиција, ги интензивираа контролите на патните правци Фиер – Ѓирокастро, Фиер-Валона и Фиер-Тирана. Како резултат на тоа, открени се 27 ирачки државјани чија крајна дестинација биле земјите од ЕУ, се вели во полициското соопштение.

Се додава дека е уапсено лицето, С.П.(54), жител на Саранда, кој ги превезувал странски државјани. Пред судот во Фиер ќе одговара за кривично дело „помагање на нелегално минување на границата“. Годинава албанската полиција открила над 9.000 мигранти, што е за над 40 отсто повеќе споредено со лани. Тоа, секако благодарение и на поддршката на Европската гранична и крајбрежна стража, како и Европската агенција за гранична безбедност-Фронтекс,чии прпадници на албанско – грчката граница се од мај.

Advertisement