Албанската полиција уапси Косовец и заплени арсенал оружје (ВИДЕО)

Полицијата од албанскиот град Елбасан попладнево уапси косовски државјанин откако во неговиот автомобил пронашла арсенал оружје, како и експлозив.

Уапсено е лицето И.А.(51) жител на Подуево, Косово во обид да шверцува оружје и екслозив кои ги набавувал во Србија и други земји, по што ги транспортирал во Косово со крајна дестинација Албанија. Запленети се 19 пиштоли од различен калибар, 400 куршуми и 1,6 килограми експлозив ТНТ, стои во полициското соопштение.

Косовецот бил запрен на патот Елбасан-Пеќин и при контролата на возилото оружјето и експлозивот биле откриени во посебни места, кај моторот, багажникот, вратите. Акцијата следувала по добиени информации по оперативен пат за можен обид за шверц на оружје и муниција.

Advertisement