Албанската полиција уапси шверцери на луѓе за САД, Канада и Велика Британија, меѓу нив и Албанци од Македонија

Албанската полиција соопшти дека е разбиена криминална група,дел од меѓународна мрежа,  која организирала нелегален влез на албански граѓани  во Велика Британија, САД и Канада.  Ова е седма по ред криминална група од почетокот на големата акција во која до сега уапсени се 39 лица, додека по 12 албански и странски државјани распишана е меѓународна потерница.

Меѓу последно уапсените се и петмина македонски државјани,за кои полицијата тврди дека биле главни во организирањето на овој „бизнис“. Во втората фаза од големата полициска акција „One If By Land”,која е организирана во соработка со специјалните американски агенти, а беа вклучени и полициите на други земји, разбиени се седум криминалани групи. Членовите на овие групи заинтересираните лица ги префрлувале со фалсификувани документи за што наплатувале по 7 илјади фунти за влез во Велика Британија, додека од 25 до 30 илјади долари за САД и Канада. Меѓу уапсени се и двајца албански полициски службеници од Меѓународниот аеродром во Тирана и петмина Албанци од Македонија, изјави Едуарт Меркал, директор на албанската крим полиција.

Уапсени се Албанци од Македонија државјани на Македонија Б.В. за кого не се наведува од кое населено место е, потоа стружаните  А.Д. Г.Д. и З.Д. како и охриѓанецот И.М. Според Меркал од истргата е утврдено дека групите кои делувале во Албанија, Бугарија, Шпанија, Франција, Доминиканската Република, Италија, Велика Британија, Канада и САД  на овој начин „прошверцувале“ најмалку 300 лица,албански државјани, во Велика Британија,САД и Канада.

За транспорт на лицата се користеле релациите Албанија-Италија-Велика Британија, Албанија-Франција-Велика Британија, Албанија-Франција-Белгија. Доминиканска Република – САД/Канада, како и Албанија-Шпанија-Латинска Америка-САД/Канада.

Advertisement