Албанскиот парлемент ја отфрли уребата на Мета, „спорниот“ изборен законик стапува во сила

Албанскиот парламент со 97 гласови ја отфрли уредбата на претседателот Илир Мета за преиспитување на измените и дополнувањата на Изборниот законик,усвоени од мнозинството без согласност на вонпарламентарната опозиција. Со тоа новиот изборен законик стапува во сила автоматски,бидејќи не е потребен потпис на претседателот. Измените и дополнувањата на законот по предлог на владејачкото мнозинство беше усвоен на пленарна седница на петти овој месец,без согласност на вонпаралментарната опозиција, по што претседателот Мета го врати на повторно разгледување.

Овие измени на изборните правила ги кршат меѓународните демократски принципи на спроведување на изборен процес преку слободни и фер избори. Измените и дополнувањата на Изборниот законик, се направени еднострано, без сеопфатен консензус и се во спротивност со условите поставени од Европскиот совет на 25 март 2020 година и исполнувањето на 15-те услови пред првата меѓувладина конференција.

Еднострано изгласаните измени во Изборниот законик од петти јуни за кој беше постигнат консензус, сериозно ја нарушуваат климата за соработка меѓу политичките сили во земјата и ја загрозуваат европската иднина на земјата, напиша меѓу другото Мета во образложението. Поради нефукнцонирање на Уставниот суд,тој побара мислење од Венецијанската комисија,но премиерот Еди Рама му возврати дека нема време за чекање а мислењето на комисијата ќе биде разгледано за други избори а не за парламентарните, закажани за 25 април. Рама не се премисли ни по барањето на еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Верхеји кој побара од албанскиот Парлемент да го почека мислењето на Венецијанската комисија.

Advertisement