Албанскиот воен брод „Бутринти“ спаси 37 илегални мигранти (ВИДЕО)

Бродот „Бутринти“, кој е дел од мисијата „Sea Guardian“, во Егејското Море, во текот на ноќта повторно успешно изведе три операции на спасување мигранти, објави министерот за одбрана Нико Пелеши.

Додава дека од опасност да потонат се спасени 37 илегални имигранти, во три чамци, кои се обидувале да ги преминат грчките води и посочува дека сите мигранти за среќа се во добра здравствена состојба.

„Илегалното преминување во Егејското Море е голем предизвик, не само за НАТО Алијансата, туку и за земјите низ кои минуваат транзит, а кои треба да се справат со континуираниот проток на илегални имигранти. Со целосна верба, само преку соработка, можеме да се справиме со овој предизвик и да го гарантираме животот и безбедноста на сите кои се вклучени во вакви ситуации. „НиеСмеНато“, пишува министерот Пелеши на Фејсбук.

Бродот, според него, неодамна последователно ја покажал висока професионалност во својата мисија во водите на Егејското Море. Заедно со грчки и турски брод, екипажот на бродот „Бутринти“ спасил 55 мигранти од гумен чамец кој бил во опасност да потоне.

 

Advertisement