Албанските пратеници три месеци ќе добиваат преполовена плата

Пратениците во албанскиот законодавен дом ќе добиваат по пола плата во период од три месеци. Одлука за тоа на денешната онлајн седница донесе Претседателството на албанското собрание, со кое раководеше собранскиот спикер Грамоз Ручи а го сочинуваат координаторите на парламентарните групи.

Во рамки на напорите за полесно надминување на состојбата со пандемијата, предизвикана од Кобид-19 а во знак на солидарност со граѓаните и деловните субјекти, погодени од мерките за спречување на проширувањето на коронаврусот, Претседателството на Собранието одлучи платата на пратениците во Албанија да се преполови во период од три месеци, стои во соопштението на албанскиот парламент.

Се додава дека Ручи, упатил писмо до првите луѓе на „триесетте уставни и институции формирани со закон, да ја преземат истата иницијатива“. Поголемот дел од албанските пратеници, меѓу нив и пратеникот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, самоницијативно се откажаа од декемвриската плата за ублажување на последиците од катастрофалниот земјотрес, што земјата ја погоди на 26 ноември минатата година.

Advertisement