Амбасадорката на САД во Албанија ги презантираше приоритети

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, преку куса видео порака, ја нагласува големата чест што е амбасадор на САД во Албанија а ги презантираше и приоритети за време на нејзиниот мандат во Албанија. Голема чест ми е што служам како амбасадор на САД во Албанија! Да се запознаеме подобро! Како што САД низ годините даваше подршка кон Албанија, така и Албанија беше лојален сојузник на САД , вели таа.

Како прво, ќе работам за да ги продлабочиме нашите односи во сферата на одбраната, за да Албанија биде посилен и поспособен сојузник. Второ, ќе продолжам да го потикнувам унапредување на демократскиот развој на Албанија, и ќе ги подржам вашите напори за интеграција во ЕУ. Европските аспирации на Албанија и реформите што се бараат, ќе донесат многу добри работи и конзистентност за вас и регионот.

Трето, ќе работам на потикнување на инвестициите на САД во Албанија, за да овозможиме повеќе работни места и можности за американците и албанците- вели меѓу другото амбасадорката на САД, Јури Ким. Амбасадорката Ким во Албанија допатува на краjот од минатиот месец а акредитивните писма на шефот на државата Илир Мета му ги предаде на 27 јануари.

Advertisement