
Согласно програмските активности на македонската амбасада во Тирана од сферата на културната и јавната дипломатија, која се спроведува под мотото „Нов имиџ на Македонија“, денеска беше приреден коктел во чест на фудбалерите од Македонија кои настапуваат во првата и другите лиги на Албанија, информираа од амбасадата.
На средбата присуствувал и генералниот секретар на фудбалската федерација на Албанија Илир Шулку. Поздравувајќи ги присутните амбасадорот Марковски ја промовираше идејата за организирање на хуманитарни натпревари, што би била поддржана од дипломатскиот кор, со цел обезбедување на финансиски средства за купување спортска опрема за основните училишта.
Средбата беше искористена и за меѓусебно запознавање на фудбалерите со дипломатскиот состав на амбасадата. Беше потенцирана и улогата на македонските фудбалери кои во своите клубови и настапи на фудбалските терени го промовираат спортскиот дух и пријателство меѓу младите, наведуваат од амбасадата.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden