Амбасадорот на Европската Унија во Албанија Луиѓи Сорека апелира за заштита на малцинствата

Амбасадорот на Европската Унија во Албанија за време на настанот организирано од амбасадта на ЕУ во Албанија во градот Фиер, Луиѓи Сорека рече дека Албанија треба да ги заштити малцинските заедници и да најде решение за отворените прашања, вклучувајќи го и прашањето на малцинствата. Во врска со назначувањето на новиот министер за внатрешни работи, амбасадорот рече дека борбата против криминалот треба да продолжи.

Исто така е важно малцинствата во Албанија да бидат заштитени. Во изминативе месеци, Министерството за внатрешни работи презеде многу важни активности, а министерот Фатмир Џафај беше задолжен за тоа, така што нашата оценка за министерот е јасна. Се надеваме дека идниот министер и влада ќе ја продолжат со борбата против организираниот криминал и корупцијата низ целата земја. Всушност, очекуваме ова да се случи, бидејќи тоа е во интерес на сите граѓани на Албанија. Оние кои ќе се борат против криминалот и корупцијата, во нивна страната ќе биде и ЕУ “, рече амбасадорот на Европската Унија во Албанија.

Луиѓи Сорека е добар познавач на состојбите во Западен Балкан, а со тоа и на Албанија во полето на безбедноста“. Новата функција, италјанскиот дипломат во ЕК во Тирана ја презема во септември.

Advertisement