Американскиот амбасадор Лу: Четири мафијашки кланови ја водат Албанија

Американскиот амбасадор во Тирана, Доналд Лу го обвини раководството на Албанија за директна замешаност во криминални дејствувања. Американскиот амбасадор Лу на прославата на 2о-годишнината на студиите по магистратура во Тирана – изјавил дека ,,Албанија е управувана од страна на четири крминални групи“.

Тој ја изнесе оценката дека во земјата има голем криминал, а власта не се пресметува со бандите и покрај тоа што тие се познати. САД бара брза пресметка со криминалните банди во Албанија, рекол амбасадорот Лу. Американскиот дипломат Лу, кој одлично го зборува албанскиот јазик, говореше за четири организирани банди предводени од Е.Ш, Л.Б, K.Б, кого го бараат САД, и бандата од Драч. Тие дивеат во земјата, вршат тровија со дрога, оружје, проституција и други нелегални активности.

Advertisement