Англија ја победи Германија на Вембли и го продолжи патот на ЕП 

Англија со 2-0 ја победи Германија во фудбалската класика на Европското првенство и се пласираше меѓу осумте најдобри на турнирот. Англија ја доби фудбалската војна против Германија, Герет Саутгејт го надмудри Јоаким Лев кој денеска за последен пат ја водеше Германија. Натпреварот долго време беше 0-0, преовладуваше тактичка игра, немаше многу шанси и фудбалска убавина. Во 69. минута Саутгејт го стави во игра Грилиш, а тој ја направи Англија поконкретна.

Шест минути по неговото влегување, тој го проигра Лук Шо кој асистираше до Стерлинг а тој постигна гол за водство од 1-0. Негов трет погодок на ова ЕП. Брзо потоа следуваше идеална шанса на Томас Милер, кој излезе сам очи во очи со Пикфорд но биеше крај голот. Таа неискористена шанса брзо беше казнета, во 86. минута по асистенција од Грилиш, Кејн погоди со глава и ги постави конечните 2-0. Англија заслужено е во четвртфиналето каде ќе игра со победникот од Шведска и Украина.

Advertisement