Tag Archives: англија

Неколкумина убиени во масовно пукање во Англија

Шест лица загинаа во масовно пукање во градот Плимут во Англија на 12 август, соопшти полицијата, додавајќи дека осомничениот напаѓач е меѓу загинатите. Две жени и тројца мажи, меѓу кои и вооружениот напаѓач, починале на местото на настанот, се вели во соопштението на полицијата на Девон и Корнвол. Уште една жена почина во болница. „Се верува дека сите починале од ...

Read More »

Англија ја победи Германија на Вембли и го продолжи патот на ЕП 

Англија со 2-0 ја победи Германија во фудбалската класика на Европското првенство и се пласираше меѓу осумте најдобри на турнирот. Англија ја доби фудбалската војна против Германија, Герет Саутгејт го надмудри Јоаким Лев кој денеска за последен пат ја водеше Германија. Натпреварот долго време беше 0-0, преовладуваше тактичка игра, немаше многу шанси и фудбалска убавина. Во 69. минута Саутгејт го ...

Read More »

Британија потона во рецесија

Британија потона во рецесија и бележи рекорден пад на бруто домашниот производ (БДП) во март.  Економијата на таа земја потона за шест отсто во март откако беше воведен карантинот во борбата со пандемијата на коронавирусот. Тоа е најголемиот економски пад на Британија во изминатите 30 години. Британскиот БДП падна за два отсто во првиот квартал под влијание на мерките на ...

Read More »

Британскиот премиер Џонсон во болница

Британскиот премиер Борис Џонсон е во болница поради инфекцијата со коронавирус. Се работи за „мерка на претпазливост“, уверува кабинетот на премиерот. Поради тоа што симптомите на инфекцијата со коронавирус не престанувале, британскиот премиер Борис Џонсон е пренесен во болница на испитувања, соопшти Даунинг стрит. Од владини кругови се тврди дека премиерот сепак и натаму ги извршува своите премиерски обврски. Откако на ...

Read More »

Британија излегува од ЕУ, Џонсон и европските лидери прогласуваат „нова зора“

Британскиот премиер Борис Џонсон се очекува денеска да прогласи „нова зора“ за земјата на денот на таканаречениот Брегзит. Но Џонсон рече дека тоа ќе го направи „со почит“ кон постоечката лутина поради заминувањето на земјата од Европската унија. Џонсон планира да го одбележи британското заминување со неговиот тим во резиденцијата на Даунинг стрит и ќе ги одбегне големите забави во ...

Read More »

Големата победа на премиерот Борис Џонсон

Владејачките конзервативци на премиерот Борис Џонсон победуваат на предвремените парламенатрни избори во Британија, покажуваат излезните анкети. Според нив, од 650 пратеници, Ториевците ќе имаат 368, односно 50 повеќе отколку што добија на изборите во 2017 година. Ова е најголемата победа на конзервативците, односно Ториевците на парламентарните избори од успехот на Маргарет Тачер во 1979 година. Победата на, како што беа ...

Read More »

Британската опозиција презеде контрола врз Парламентот

Борис Џонсон загуби со 328 гласа кои беа ЗА да се донесе новиот закон со кој ќе се бара одложување на рокот за излез на Велика Британија, со цел да се спречи Брегзит без договор, на 31 октомври. Против овој закон гласаа 301 пратеник. Меѓу пратениците кои гласаа ЗА и против владата се и 20тина Ториевци кои му го свртеа ...

Read More »

Гардијан: Британските дипломати ќе се повлечат од работата на ЕУ 

Лондонскиот весник „Гардијан“ објави дека за неколку дена британските дипломати ќе се повлечат од институционалните структури на ЕУ, како што е планирано од владата на Борис Џонсон. „Во обид да се засили пораката дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ до 31 октомври, британските дипломати ќе престанат да присуствуваат на дневните состаноци во Брисел“, пишува весникот и додава дека тој ...

Read More »

Сан: Секој десетти затвореник во Велика Британија е Албанец

Еден од 10 затвореници во Велика Британија е Албанец, пишува британски Сан и истакнува дека тие веќе одамна го контролираат пазарот со кокаин во земјата. Британското Министерство за правда соопшти дека кога станува збор за криминал, Албанците ги надминале Полјаците во Велика Британија според бројот на затвореници во земјата. Во англиските затвори, во јуни годинава, има 876 Албанци од 9.089 странски престапници, ...

Read More »

Началникот на ГШ на Армијата на Македонија во посета на Вооружените сили на Обединетото Кралство

Началникот на генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во работна посета на Вооружените сили на Обединетото Кралство, престојуваше во Министерството за одбрана каде оствари средби со заменик на началникот на здружениот штаб на одбраната на Обединетото Кралство, генерал, Сер, Гордон Месинџер и со Директорот на Евроатланската безбедност, г-дин Ник Гур. За време на ...

Read More »