Ансамбл ,,Студио Фолклор” – Скопје победи на фестивал во Франција

 

Ансамбл ,,Студио Фолклор” – Скопје победија на еден од најпрестижните светски фестивали од натпреварувачки карактер во Дижон, Франција. Фестивалот се вика „ Fetes de la Vigne de Dijon“ а нашите играорци  се претставија со богат репертоар од играчкиот дел, како и пејачката група и оркестарот при ансамблот. Пресреќни сме.

Стручното жири реши да додели две место три награди.  Според жирити Ансамбл „Студио фолклор“  ги надмина сите критериуми по сите точки на оценување и не прогласија за шампиони, велат од Ансамблот. Фестивалот годинава слави јубилеј, 70 години од постоењето и на него  учествуваа повеќе земји од светот. Подготовките  траеја веќе скоро неколку месеци, напорно се работеше на што подобро претставување и на Ансамблот и на државата, велат од Ансамблот.

Со Ансамблот веќе неколку години  раководи маестро Љупчо Маневски, првенец во Ансамблот „Танец“. Овој проект на Студио Фолклор е поддржан од Министерството за Култура на Македонија. Играорците од првата група на Ансамблот беа  одлично,подготвени да ја претстават Македонија во најдобро светло и секако да освојат една од главните награди.

Advertisement