Апел за помош: Исчезна Енкеледа Чела 21 годишна студентка од областа Голо Брдо

Студентка на Економскиот факилтет од Албанија е пријавена за исчезната откако во петокот вечерта и се губи секаква трага. На 21 годишното девојче последната трага му се губи во скопски Илинден. Станува збор за Енкеледа Чела од Требиште областа Голо Брдо чие исчезнување го пријавиле нејините пријатели кои го информирале и нејзиното семејство.

Чела во петокот вечерта некаде околу полноќ и 01 часот излегла да прошета на кејот на Вардар во населбата Илинден каде и што живеела. Но од тогаш не се вратила дома. Пријателката со која живее почнала потрага и според информациите, Енкеледа била видена на бензинска пумпа во Илинден утрото во саботата.

Случајот е пријавен во полиција. Според пријателите на Чела, МВР во понеделник ќе ги прегледува камерите на местото каде што наводно последен пат била видена девојката.

Девојката има црвено-кафеава коса, носи протеза на  заби. висока е 160 см, а тешка околу 55 килограми. Кога исчезнала била облечена во фармерки и црна јакна, со себе носела ранец.

Advertisement