Апелациониот суд во Солун започна второтостепено судење за случајот на Македонското здружение „Братство Кирил и Методиј“ од Серес

Завчера во Апелациониот суд во Солун започна судскиот процес по жалбата за забрана на Македонското здружение “Братство Кирил и Методиј“ со седиште во Хераклија, Серес.

Судијата поединец при Основниот суд на Серес со пресуда број 185/2019 го забрани Македонското здружение “Братство Кирил и Методиј“. Македонското здружение поднесе жалба до Апелациниот суд во Солун за поништување на првостепената пресуда.

Македонското здружение “Братство Кирил и Методиј“ беше регистрирано со одлука на Основниот суд во Синтикис во декември 2017 година, меѓутоа набргу по регистрацијата дојде во судир со грчката ултра-десничарска организација “Македонски борци“ од Серес кои се спротиставија на активностите на Македонското здружение во намерите да ги афирмира традициите на домородниот Македонски јазик и култура.

По тужба на грчката ултра-десничарската организација “Македонски борци“, под обвинение за сепаратизам и непостоење на македонскиот јазик, а под притисок на полицијата, Судот во Серес го забрани Македонското здружение “Братство Кирил и Методиј“.

За жал, на страната на грчката ултра-десничарска организација “Македонски борци“ застана Адвокатската комора на Серес. Во одбрана на Македонското здружение “Братство Кирил и Методиј“ застана солунскиот адвокат Јанис Константину кој ја обвини Адвокатската комора на Серес за прогон на адвокатот Костас Демелис кој е бранител на Македонското здружение “Братство Кирил и Методиј“ од Серес.

Првото рочиште во Солунската Апелација не заврши со пресуда, меѓутоа неприфатлива беше атмосферата пред Судот од приврзаниците на грчката ултра-десничарска организација “Македонски борци“.

За среќа, на страната на Македонското здружение “Братство Кирил и Методиј“ застанаа универзитески професори, Грчката Унија за човекови права и повеќе истакнати адвокати.

Македонците во Грција не се сами, поддршката која ја наиде Македонсктоо здружение “Братство Кирил и Методиј“ потврдува дека и покрај грчките нео-нацисти, јакнат силите во Грција кои се борат за почитување на правата на сите.

Advertisement