Апсења во Германија поради подготовка на терористички напад

Припадниците на Специјалните полициски единици (SEK) извеле на западот и југот од Германија рации во повеќе станови и притоа уапсиле десетмина исламисти поради сомневања дека подготвувале терористички напад на германска територија, објави Главното државно обвинителство во Диселдорф во саботата.

„Се врши истрага поради сомневања за подготвување тешко кривично дело насочено против државата“, се истакнува во кусото соопштение на споменатото обвинителство во Диселдорф. Натаму се наведува дека станува збор за една ќелија од припадници или симпатизери на ултрарадикалната групација Исламска држава.

Дневните весници Bild и Rhenische Post пренесуваат дека повеќето од уапсените се од центрапнозиската земја Таџикистан кои подготвувале терористички напад на досега недефинирана цел во Диселдорф, главниот град на сојузната покраина  Рајна – Вестфалија.

Рациите и апсењата се изведени во Диселдроф и околината, во Есен и Улм на југот од Германија. Медиумите наведуваа дека акцијата е изведена сега поради индиции дека нападот би можел наскоро да се случи. Во Есен во акцијата учестввуале и припаднции на специјална единица за експлозиви.

Advertisement