Армијата на Македонија дел од вежбата „Joni 19“ во Валона

 

Дел од припадниците на баталјонот за Специјални Намени од составот на полкот за Специјални Операции на Армијата на Македонија со своите колеги од специјалните сили на Албанија учествуваа на трилатералната вежба „Joni 19“.

Во изминатите десетина дена во морнаричката база „Пашалиман“ во Валона, нуркачки тимови заедно вежбаа и реализираа поставени задачи. Една од целите на оваа заедничка вежба покрај соработката и размената на искуства беше и зајакнување на регионалното партнерство. Триесетината нуркачи кои учествуваа на вежбата се извежбуваа во различни бординг операции како и подводни активности во дневни и ноќни услови.

Ваквите и слични вежби овозможуваат спремноста на единицата да биде секогаш на највисоко ниво, воедно и да се зајакнат пријателските врски со колегите од останатите држави.

Advertisement