
Армијата на Република Македонија денеска ја одбележува 25-годишнината од формирањето. Централната свеченост ќе се одржи на воениот стадион во градскиот парк во Скопје на која, како што е најавено, ќе говорат претседателот на државата Ѓорге Иванов и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Претседателот Иванов ќе додели одликувања на командата за обука и доктрини, баталјонот за почести и четвртиот механизиран пешадиски баталјон од првата механизирана пешадиска бригада. На почетокот на свеченоста, на која ќе присуствуваат највисоки претставници од сите државни институции ќе биде извршена почесна стрелба, со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden