Атина и порача на Тирана: Пописот 2020 ќе покаже дали се почитуваат правата на малцинствата што е услов за ЕУ 

Официјална Атина постојано повторува дека на патот кон Европската унија Албанија ќе биде условена со правата на грчкото малцинство. Се чини дека главниот фокус на владата на Киријакос Мицотакис е насочен кон пописот во 2020 година. Ова го наведува тиранската телевизија Топ чанел, пренесувајќи при тоа информација од одбележувањето на 29-ет годишнината од формирањето на друштвото „Омонија“, на припадниците на грчкото малцинство „Омонија“. На свеченоста ,одржана во Дервичан, присуствувал и Констандино Власи, претставник на грчката Влада, кој во обраќањето рекол дека транспарентноста на албанската влада за време на пописот ќе докаже дали се почитуваат правата на грчкото малцинство.

Транспарентноста од страна на албанската влада за време на пописот на населението во 2020 година ќе докаже дали се почитуваат правата на малцинствата, додека учеството на малцинствата во процесот ќе гарантира дека ние како заедница нема да ги повториме грешките од минатото, придонесувајќи во намалување на бројот на грчкото малцинства во Албанија, рекол Власи. Ги повикал присутните да не продолжуваат со нивните грешки со меѓусебни конфликти, туку да се обединат за интересите на грчкото малцинство.

Микро-политиката треба да се остави настрана и да се фокусирате на оние причини што создаваат единство и решенија, рече тој. Власи повикал да не се повторуваат грешките при пописот на населението и на имотот на Грците, особено во Химара. Тој ги повика прпадниците на грчкото малцинство на пописот што албанските власти ќе го спроведат годинава да се попишат она што се и да ги исправат, според него, историските грешки направени на штета на грчката заедница пред повеќе години. На свеченоста присуствувале и грчкиот амбасадор во Тирана, грчкиот конзул во Ѓирокастро, грчки пратеници од различни партии, митрополитот на Ѓрокастро и претседателот на Партијата за заштита на човековите права партија на Грци Ванѓел Дуле.