Author Archives: Весник Илинден

Елви Сидери: Македонскиот весник “Илинден” претставува најрепрезентативен и најсеопфатен орган на древната домородна заедница на Македонците во Албанија

Фото: Македонскиот весник “Илинден” Весникот “Илинден“, најрепрезентативниот и најсеопфатен орган на древната домородна заедница на Македонците во Албанија, ја одбележа својата петнаесетта годишнина во среда, 1 април 2026 година. Јубилејна годишнина, која беше прославена со сета свеченост на овој посебен настан, од многу претставници на оваа почитувана заедница во границите на албанската држава, покрај претставници на Амбасадата на Република Македонија во ...

Read More »

Андоновски: Дигитализација и сајбер безбедност ќе бидат дел од стратешкиот дијалог

Владата вложува во зајакнување на сајбер безбедноста преку формирање нов Владин центар за одговор на сајбер инциденти, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. „Отвораме Владин центар за сајбер инциденти, преку кој во реално време ќе можеме да следиме што се случува во областа на сајбер безбедноста и навремено да реагираме на потенцијалните закани“, истакна министерот Андоновски. Одговарајќи на прашање ...

Read More »

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола – Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

Интерконективниот далекувод Битола–Елбасан не е обичен далекувод. Тој е симбол на една затворена празнина која со години стоеше како пречка на нашиот пат. Коридорот 8, кој треба да биде артерија на економијата, долго време имаше прекин во својата енергетска мрежа. Денес, со овој проект, таа празнина конечно се затвора, изјави денеска во своето обраќање на поставувањето на камен темелник на ...

Read More »

Американската амбасада во Тирана со предупредување: Можни напади врз трговски центри, клубови, ресторани

Американската амбасада во Тирана издаде итно предупредување до своите граѓани поради можни напади од групи поврзани со Иран. Потенцијалните цели вклучуваат локации поврзани со Америка, но и места каде што престојуваат туристи – од хотели до трговски центри. „Групите поврзани со Иран може да се обидат да ги таргетираат субјектите поврзани со САД или иранските опозициски елементи во Албанија. Тие ...

Read More »

Свечено одбележани петнаесет години од излегувањето на првиот број на македонскиот весник “Илинден“ во Тирана (ФОТО)

Фото: Македонскиот весник “Илинден” Свечено одбележани петнаесет години од излегувањето на првиот број на македонски весник “Илинден“ во Тирана. Имено, пред точно петнаесет години, на први март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник “Илинден“ како гласило на Македонското друштво “Илинден“-Тирана. Во Тирана свечено беше одбележан петнаесетгодишниот јубилеј од излегувањето на првиот број на македонскиот весник ...

Read More »

Обраќање на Радмила Стојмировска, Вршителка на должност амбасадор на Македонија во Тирана по повод 15-годишнината на весникот “Илинден”

Денеска имаме чест и радост да се собереме за да го одбележиме 15-годишниот јубилеј на македонскиот весник „Илинден“. Повеќе од една декада и половина, ова издание е вистински столб на македонската заедница во Албанија – место каде секој член може да ги најде најновите вести, информации и случувања од нашата татковина, но и од Албанија и од секојдневниот живот на ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, и врачи Благодарница “Илинден“ на Марјана Дода, главен и одговорен уредник на “Аргументум.ал“ во Тирана

Фото: Македонскиот весник “Илинден” Благодарницата и беше доделена по повод 17-годишнината од формирањето на друштвото. „Ми претставуваше посебна чест, во име на Македонското друштво ‘Илинден’ – Тирана и Македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да ѝ ја врачам благодарницата “Илинден” за 2026 година на г-ѓа Марјана Дода, главен и одговорен уредник на ”Аргументум.ал“, изјави Ѓурѓај. Фото: Македонскиот весник “Илинден” Благодарницата беше ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана потпиша Меморандум за соработка со Здружение “ВАРДАР-МКД“ од Подгорица, Црна Гора

Македонско друштво “Илинден“-Тирана преставувано од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, во Тирана потпишаа Меморандум за соработка со Здружение „ВАРДАР-МКД“ од Подгорица, Црна Гора, преставувано од Потпретседател Адвокат Никола Ангеловски, со цел промоција на македонските национални малцинства во Република Албанија и Република Црна Гора на национално и меѓународно ниво. Двете Здруженија покажаа интерес за градење на партнерство во спроведување на конкретни проектни ...

Read More »

Николоски: Авиокомпаниите веќе ја таргетираат Македонија како атрактивна дестинација, годинава планираме над 3,5 милиони патници

Политиките што ги работиме во ависообраќајот носат сериозни резултати. Воведовме 24 нови авиолини кон европските центри, забележивме преку 3,3 милиони патници, за годинава планираме бројка над 3, 5 милиони патници и тоа што за мене е важно е тоа што авиокомпаниите воведуваат летови без да бараат субвенции што значи дека ја препознаа Македонија како атрактивна дестинација, истакна вицепремиерот и министер ...

Read More »

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ ќе ја намали цената на горивата, ќе се следи состојбата и ќе се реагира

Мицкоски посочи дека мерката за намалување на ДДВ директно имплицира позитивен ефект, додаде дека во овој момент сме стабилни, потенцирајќи дека нема потреба од рестрикции и нагласи дека намалувањето на ДДВ ќе ја намали цената на горивата. „Многу внимателно ја следиме состојбата со цената на нафтата и нафтените деривати на светските берзи. За нас референтна берза е ФОБ Италија, и ...

Read More »