Author Archives: Весник Илинден

81 година од победата над фашизмот

Ноќта помеѓу 8 и 9 мај 1945 година во берлинското предградие Карлсхорст беше потпишан Актот за безусловна капитулација на Германија, со што официјално беше означен крајот на Втората светска војна во Европа и поразот на нацистичкиот Рајх. Церемонијата започнала во 00:43 часот по московско време, односно 22:43 часот по средноевропско време. Капитулацијата била прифатена од маршалот на Советскиот Сојуз Георгиј ...

Read More »

Судири со полицијата, молотови коктели и водени топови на антивладин протест во Тирана (ВИДЕО)

Демократската партија (ДП) пред владата во Тирана, вечерва го одржа осмиот по ред антивладин протест, за кој имаше дозвола само пред владата, но истата не беше испочитувана. Во неколкуте обраќање, говорниците побараа оставка на премиерот Еди Рама, нарекувајќи го  најголем криминалец, барајќи формирање техничка влада. Учесниците потоа продолжија кон Министерството за внатрешни работи, кога почнаа да фрлаат молотови коктели кон ...

Read More »

Европскиот парламент даде целосна поддршка за европската иднина на Албанија

Европскиот парламент даде целосна поддршка за европската иднина на Албанија, откако Комитетот за надворешни работи (AFET) ги усвои извештаите за напредокот на двете земји во процесот на пристапување кон Европската унија. Во извештајот за Албанија, европратениците ја пофалија посветеноста на Тирана кон европските интеграции и напредокот во реформите, но предупредија дека остануваат сериозни предизвици поврзани со владеењето на правото, корупцијата, ...

Read More »

Николоски: Над 74 % од буџетот на Министерството за транспорт реализиравме за капитални инвестиции

Повеќе од 74% од средствата за капитални инвестиции во Министерството за транспорт се веќе реализирани уште на почетокот од годината. Подготвени сме наменски да реализираме дополнителни 40 милиони евра, секако доколку тие средства можат да се обезбедат со ребалансот на Буџетот, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“. Тој истакна ...

Read More »

Скопје: „Нож и виљушка на европска чинија“ – целодневен гастрономско-музички настан во Паркот на Франкофонијата

Паркот на Франкофонијата утре, 9 мај, ќе стане место за вкусови, музика и урбано дружење за сите генерации. Од 12:00 часот напладне, настанот ќе понуди содржини за најмладите, храна инспирирана од различни европски кујни и атмосфера создадена за забавен семеен ден на отворено. „Нож и виљушка на европска чинија“ е замислен како културно и гастрономско дружење што ги поврзува различностите, ...

Read More »

Првата фестивалска вечер во Битола помина во одлична атмосфера

Првата фестивалска вечер во Битола помина во одлична атмосфера, со музика, добро вино и голем број посетители кои уживаа на платото пред Офицерски дом. Програмата започна со настап на DJ Resident, а продолжи со легендарните „B52“, „Пауза за ракија“ и DJ Carlito. На фестивалот се претставија 14 винарии со повеќе од 100 различни вина, овозможувајќи им на посетителите да дегустираат ...

Read More »

Трамп објави десетици декласифицирани документи за НЛО

Американскиот претседател Доналд Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет денеска објавија десетици декласифицирани документи за неидентификувани летечки објекти (НЛО) и вонземски живот, во обид да им обезбедат на американските граѓани, како што нарекоа „невидена транспарентност“. Министерството за одбрана на САД најави дека долго бараните документи и фотографии од „неидентификувани аномални феномени“ ќе бидат објавени во повеќе продолженија како што ...

Read More »

Парламентот ја избра Гента Тафа Бунго за нов комесар за заштита од дискриминација

Гента Тафа Бунго е избрана за нов комесар за заштита од дискриминација на Албанија откако доби поддршка од 83 пратеници во парламентот, додека 25 гласаа против, ќе ја преземе функцијата со мандат насочен кон заштита на човековите права и спречување на дискриминацијата. Изборот беше изгласан на парламентарна седница, а пратениците ја поддржаа нејзината кандидатура со убедливо мнозинство. Од институцијата се ...

Read More »

Мисајловски: Поголема безбедност за граѓаните преку унапредување на соработката со Европската Унија

Поголема безбедност за граѓаните преку унапредување на соработката со Европската Унија, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски. На денешната средба со Делегацијата на Европската служба за надворешни работи (EEAS) и евроамбасадорот Михалис Рокас, ја потврдивме заедничката определба за продлабочување на одбранбената соработка и засилено вклучување во европските безбедносни иницијативи. Благодарност за континуираната поддршка на Европската Унија, која преку ...

Read More »