Author Archives: Весник Илинден

Премиерот Заев побара признавање на МПЦ од Вселенската Патријаршија, Вселенскиот патријарх позитивно одговори

Премиерот Зоран Заев со писмо побарал од Вселенската Патријаршија признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како рамноправна црква во Православниот свет. Вселенската патријаршија на денешната седница позитивно одговорила на барањето на Премиерот Заев, наведувајќи дека презема одговорност за прашањето на Охридската Архиепископија. Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија во Константинопол го разгледа прашањето со нерешениот ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана сочуство до семејството на Спасе Мазенковски

Македонско друштво “Илинден”-Тирана со длабока тага ја прими веста за смртта на Спасе Мазенковски од село Леска, Мала Преспа. Основач и претседател на организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија “Друштво Преспа”, основач и Главен уредник на весникот “Преспа”, основач на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција и учесник во сите активности на ...

Read More »

Рама-Курц: Нелегалната миграција треба да се сфати сериозно

Австрискиот канцелар и албанскиот премиер, Себастијан Курц и Еди Рама, се сложија дека растечкиот број мигранти на Балканот мора да се сфати сериозно и дека е неопходно преземање мерки за да не се повтори 2015. година. Курц на заедничката прес-конференција рече дека на Балканот може да се забележи настанување на нови бегалски рути и дека криумчарите се обидуваат да ги ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) сочуство до семејството на Спасе Мазенковски

  Македонска алијанса за европска интеграција, по повод смртта на македонскиот активист, писател, новинар и публицист Спасе Мазенковски, упатува писмо со сочувство до семејството Мазенковски. Со чувство на голема тага ја примивме веста за смртта на Спасе Мазенковски, еден од најголемите поборници за остварување на правата на Македонците во Албанија, писател, новинар и публицист кој неуморно создаде голем број на ...

Read More »

Почина големиот македонски патриот Спасе Мазенковски (1953-2018)

Денеска, во шеесет и петтата година од животот во с.Леска, Мала Преспа почина Спасе Мазенковски, големиот македонски патриот, писател, новинар и публицист и еден од најголемите поборци за правата на Македонците во Албанија, кој целиот свој живот живееше и твореше во селото Леска, Мала Преспа. Спасе Мазенковски роден е во 1953 година во селото Леска, Мала Преспа. Основач и претседател ...

Read More »

Александровиот саркифаг – единствената копија дадена за Археолошкиот музеј на Македонија

Александарски саркофаг, саркофаг од IV век п.н.е. украсен со барелјефни резби со Александар Македонски. Откриен е во некропола близу Сидон, Либан во 1887, и денес е изложен во Археолошки музеј во Истанбул, Турција. Саркофагот е направен од полихромен, пентелски мермер во облик на македонски храм. Резбите на едната долга страна го прикажуваат Александар во борба против персијците во Битката кај Ис. Александар е прикажан на коњ, со капа лавовска глава, подготвувајќи се да фрли копје на персиската коњица. Некои стручњаци ...

Read More »

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров на работна посета на Брисел

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на 27, 28 и 29 мај престојува во работна посета на Брисел. По вчерашните средби со високата претставничка Федерика Могерини и со МНР на Грција Никос Коѕијас, денес во организација на министрите за надворешни работи на Бугарија и Австрија, министерот Димитров, учествуваше на работен појадок со министрите за надворешни работи на ...

Read More »

Автобус влета во бензинска пумпа на Косово, две лица загинаа (ВИДЕО)

Тешка сообраќајка несреќа  се случи во близина на косовското село Лугаѓи кога автобус изгуби контрола и удри во бензинска станица. Загинаа две лица, а трето се бори заживот. До несреќата дошло кога автобусот, што сообраќал на релација Приштина – Урошевац, во обид да избегне директен судар со возило од спротивен правец, се занесол и удрил во возило што излегувало од ...

Read More »

Владика на Европската епархија Пимен: МПЦ нема да го прифати новото име, какво и да е

Македонската православна црква нема да го прифати новото име за Македонија, како и да е предлогот што ќе го договорат македонската и грчката страна, категорично потврди Владиката Пимен за време на одбележувањето на 1.000-годишнината од Охридската Архиепископија. Членот на Синодот на МПЦ и владика на Европската епархија, владиката Пимен, денеска изјави дека црквата не сака да го менува називот затоа ...

Read More »

Игуменот Методиј (Петров) од Македонија 25 години во Валаамскиот манастир во Русија (ВИДЕО)

Методиј (световно имеː Венко Петров; роден во Бањане, Скопско, 16 февруари 1961 македонски монах и свештеник на Руската православна црква, игумен, жител на Светиот Валаамски манастир, директор на православно културно-образовниот центар „Свет Валаама“. Главен и одговорен уредник на месечниот илустриран весник „Свет Валама“, основач и модератор на годишните православни интернационални конференции. Делото на Методиј стана едно од клучните за заживување на манастирот Валаам по уништувањето на манастирот во деценискиот ...

Read More »