КУД „Илинден“ од Струга одбележува 35 години постоење

Со целовечерен концерт во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга културно уметничкото друштво „Илинден“ вечер ќе го прослави јубилејот 35 години постоење. Во рамки на одбележувањето на јубилејот минатата недела одржаа ревија на народни носии, каде беа презентирани сите носии што ги имало друштвото во изминатиот период. КУД „Илинден“ од Струга ја негува традицијата и на свој, оригинален начин ја покажува љубовта кон фолклорот. Формирано е 1983 година, а покрај во државата свои настапи имало и низ Европа.

Advertisement