Author Archives: Весник Илинден

Македонците во пописните резултати од „Пописот 2023„ спроведен во Црна Гора

Истражувачкиот новинарски тим на македонскиот весник „Илинден” како регионално гласило и информативен сервис на Македонците во регионот во соработка со здружението „ВАРДАР-МКД“ од Подгорица ги објавува резултатите за бројноста и етничката/јазична припадност на населението во Црна Гора спроведен минатата година. Ви ги претставуваме двете табели со графите Македонци и нивното изјаснување за мајчин јазик „македонски”‘

Read More »

Европската комисија ги одобри реформските агенди за пет земји од Западен Балкан

Комисијата ги одобри реформските агенди на Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, кои вклучуваат обврски за спроведување на социо-економски и фундаментални реформи за поттикнување на раст и приближување кон ЕУ во периодот од 2024 до 2027 година. Како што се додава во соопштението објавено на сајтот на Еврокомисијата, овој чекор бил клучен за да се овозможат плаќања во рамките ...

Read More »

Поранешниот албански претседател Илир Мета се појави пред Специјалниот суд

Поранешниот албански претседател Илир Мета се појави во Специјалниот антикорупциски суд (СПАК) денеска утрото (23 октомври), два дена откако беше приведен под обвинение за корупција. На рочиштето тој ќе биде запознаен со мерката притвор која му е определена за обезбедување на неговото присуство, а неговиот адвокат ќе ги изнесе своите аргументи против ваквата одлука. Специјалното обвинителство соопшти дека поранешниот претседател ...

Read More »

Средба на две големи ќерки на Македoнија

По повод Денот на македонската револуционерна борба македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со истакнатата македонска активистка и единствен одликуван граѓанин со македонско потекло во Холандија и почесен претседател на Македонската заедница госпоѓа Светлана Мишева. На средбата претседателката Сиљановска-Давкова беше запозната со активностите на Заедницата, генезата на македонско-холандските културни врски и уделот на големиот холандски писател А.ден Долард во запознавање ...

Read More »

Мицкоски: Да не го губиме времето на поделби, туку да создадеме општество на можности и почит

Никулците на македонската национална мисла создадени пред илинденскиот период, делата и идејата на преродбениците, и енергијата на македонското граѓанство, ефектите од претходните востанија на разни делови на тогашната Македонија, кулминираа и се преточија во движечката сила на Македонската револуционерна организација. Тоа беше силата втемелена во идејата за сопствена независна држава со свој идентитет и посебност, пишува Мицкоски во честитката. Нека ...

Read More »

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба,  упати честитка до сите Македонци каде и да се, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина. Од името на сите Македонци кои живеат во Република Албанија, упатуваме честитки, по повод големиот празник, 23 октомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение ...

Read More »

Поранешниот пратеник Јургис Чирбја, се појави во Специјалниот суд, под строги безбедносни мерки

Поранешниот пратеник Јургис Чирбја, се појави во Специјалниот суд, под строги безбедносни мерки. Првично се очекуваше тој да биде запознаен со безбедносната мерка „притвор во затвор“, но потоа адвокатите побараа време да се запознаат со досието. Чирбја е осомничен дека бил корисник на апликацијата SKY и дека соработувал со членови на криминална група во Драч. Ахмет Маша е вториот човек ...

Read More »

Русија е домаќин на дводневниот самит на БРИКС во Казан

Рускиот претседател Владимир Путин е домаќин на самитот на организацијата БРИКС кој почнува денеска во градот Казан. Форумот, на кој ќе учествуваат 24 шефови на држави и влади, Путин го смета за дел од иницијативата за создавање нов светски поредок за ставање крај на доминацијата на САД. Средбата ќе продолжи до четврток. Меѓу поважните гости се издвојува кинескиот претседател Си ...

Read More »

Српските партии бараат српскиот јазик да биде официјален во Црна Гора

По објавувањето на резултатите од пописот на населението, просрпските партии го обновија своето барање српскиот јазик да биде официјален во Црна Гора. Резултатите од пописот во Црна Гора покажаа дека српскиот е мајчин јазик за 43 отсто од населението, а црногорскиот за нешто повеќе од 34 отсто. Истиот ден кога беа објавени резултатите на 15 октомври, просрпските партии го повторија ...

Read More »

Албанија може да стане членка на ЕУ до крајот на мандатот на актуелната Европската комисија

Албанија на 15 октомври го отвори првиот кластер за преговори за членство во ЕУ, кој ги опфаќа прашањата за правосудството и основните права, правдата, слободата и безбедноста, јавните набавки, статистиката и финансискиот надзор. Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави дека Албанија има целосна поддршка од ЕУ за забрзување на реформскиот процес, со цел до крајот на мандатот на тековната ...

Read More »