Author Archives: Весник Илинден

Православните верници го слават празникот на Свети Наум Охридски – Чудотворец

Свети Наум Охридски Чудотворец (830 – 23 декември 910) – средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на сесловенската и македонската писменост и просвета. Свети Наум потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанството, се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на светите солунски браќа Македонците Кирил и Методиј. Со нив, тој ...

Read More »

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот „Македонско културно лето“–симбол на истрајноста и духот на македонската заедница во Албанија. ,Фестивалот претставува жив сведок на богатството на македонската култура, уметност и традиција и испраќа ...

Read More »

Муцунски: Мала Преспа и Пустец се жив доказ дека етничката и културната разноликост не разделува, туку обединува

 „Мала Преспа и Пустец се жив доказ дека етничката и културната разноликост не разделува, туку обединува. Благодарение на официјалниот статус на македонскиот јазик, двојазичното образование, активната дипломатска и прекугранична поддршка од нашата Влада – заедно со посветеноста и ангажманот на локалното население – македонската заедница во Албанија успева да ја зачува својата уникатност, да ја негува врската со матичната земја ...

Read More »

Муцунски од Пустец: Македонија сака да се отвори конзулат во Корча

Македонија сака да се отвори македонски конзулат во градот Корча, изјави министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, за време на посетата на Пустец. „Тука во Пустец имаме наша Македонска заедница. Дојдов со министерот за внатрешни работи, а министерот за култура наскоро ќе ни се придружи. Заедницата придонесе за албанското општество, додека ние како влада треба да направиме повеќе ...

Read More »

Здравко Стојмиров од Народен театар Битола најдобар актер на 21. Фестивалот на монодрама во Албанија

На 21. на меѓународниот фестивал на монодрама “Албамоно“ која се одржа во Поградец и Малиќи меѓународното жири составено од: Азура Де Грегорио, Италија, Ана Маријани, Германија и Клајди Малелари за најдобар актер го прогласи  Здравко Стојмиров од Народен театар Битола. Монодрама има за цел да ја претстави искривената реалност на животот свртен наопаку од суровите услови на минатите војни, личните ...

Read More »

Апел за финансиска помош за санација на пештерска Црква Свети Никола во Пустец

Апел за финансиска помош за санација на пештерска Црква Свети Никола во Пустец, Преспа. Потребни се средства за реновирање на пештерска Црква Свети Никола. Поради тоа, ги повикуваме сите Македонците како во Република Албанија, така и Македонците низ целиот свет да помогнат за за санација на пештерска Црква Свети Никола, по молба и барање на македонските верници од Пустец. Oбјава ...

Read More »

Рама: Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Премиерот Еди Рама, од Скопје каде што се одржува самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, нагласи дека никогаш не сме биле поблиску до ЕУ. Рама вели дека има позитивна атмосфера, и додаде дека сите обврски ќе бидат исполнети во предвидените рокови заедно со Европската комисија. „Никогаш не сме биле поблиску до остварување на вековна аспирација. А од друга ...

Read More »

Тошковски и Кондратович: Потпишан протокол за реадмисија и голема поддршка од Литванија на европскиот пат на Македонија

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, оствари работна средба со делегација на Министерството за внатрешни работи на Литванија, предводена од министерот Владислав Кондратович. На средбата фокусот беше ставен на унапредувањето на меѓусебната соработка и продлабочување на пријателските врски меѓу двете министерства и полиции во борбата против организираниот криминал, ситуацијата со илегалната миграција и соработката помеѓу центрите за обука на ...

Read More »

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура. Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон ...

Read More »