Author Archives: Весник Илинден

МНР: Македонските граѓани да избегнуваат патувања во или транзит низ Израел

Министерството за надворешни работи на Република Македонија, имајќи ја во предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел, сугерира на македонските државјани да избегнуваат патувања во или транзит низ земјата. За македонските државјани затекнати во Израел, за сите дополнителни информации или помош да се обратат до Амбасадата на Република Македонија во Тел Авив на мобилен +972549096965 или некој од SOS броевите ...

Read More »

Театар “Скрб и утеха” гостуваше кај Македонците во Мала Преспа (ФОТО)

Театар “Скрб и утеха”, од 05 до 07 мај, 2021 гостуваше во Мала Преспа кај Македонците во Албанија. Беше одиграна претставата “Џамалари- Дионис”, на Тихомир Стојановски, пред гимназијата во Пустец, беа посетени Долна Горица, Леска, Зрновско, се снимаше документарен матријал за обредните форми во македонската култура, беа дарувани книги. Во претставата играат Страшко Милошевски и Тихомир Стојановски. Тоа е првиот ...

Read More »

Македонското меѓународно движење за човекови права го осуди потегот на Грција да ја повлече регистрацијата на организацијата Крсте Мисирков

Еден ден откако ја одобри регистрацијата на Организацијата Крсте Мисирков, Грција нагло ја смени својата одлука и ја поништи регистрацијата, тврдејќи дека имало “проблеми со правниот застапник на организацијата и неговите повеќекратни судири со грчкиот правен систем”. Личноста на која се однесува оваа забелешка е отец Никодим Царкњас, кој е во судир со грчкиот правен систем само поради тоа што ...

Read More »

Македонија: Две златни медали за Винарија Камник на светски вински натпревари

Carménère 2019 на Винарија Камник доби златен медал на светски реномираниот International Wine Challenge 2021, каде што освои 95 поени и е единствен златен медал за македонско вино. Оценувачите го опишаа Carménère 2019 како ароматично, со ноти на црна слива, хербални тонови и зачински нишки на ванила и пиперка, свежо и со прекрасна завршница. International Wine Challenge е признат како најригорозен, ...

Read More »

Пописот на државјаните на Македонија кои се на привремена работа или престој во странство ќе продолжи до 30 септември 2021

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година, наместо во периодот од 1 април до 21 април 2021 година, се одложува за периодот од 5 септември до 30 септември 2021 година. Самопопишувањето се врши преку пописната апликација до која може да се пристапи преку веб-страници: https://census.stat.gov.mk/mk/ Центарот за повици каде што можете да добиете одговори на вашите прашања ...

Read More »

Претседателот Пендаровски со Зеф Мази, главен преговарач на Албанија со Европската Унија

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски денеска го прими Зеф Мази, главен преговарач на Република Албанија со Европската Унија. На средбата беа разменети мислења и информации за перспективите за скорешно одржување на меѓувладината конференција за двете држави и формалниот почеток на пристапните преговори на Република Македонија и на Република Албанија со Европската Унија. Претседателот Пендаровски оцени дека посетата е добра ...

Read More »

Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил ги повика жените да не абортираат (ВИДЕО)

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил ги повика жените кои од различни причини не сакаат да раѓаат деца да не абортираат, туку да ѝ ги даваат децата на Црквата. Според него, Црквата ќе помогне детето да се воспита и да се исправи на нозе, а исто така нема да ги спречува средбите на детето со мајката. „Напротив, ќе правиме ...

Read More »

Џорџ Робертсон ја повика Бугарија да го укине ветото за Македонија

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон за време на неговото учество на конференцијата Евроатлантскиот Клуб во Софија побара од бугарските власти да ја укинат блокадата на Македонија кон Еевропската Унија. Претседателот на Евроатлантскиот клуб и поранешен министер за надворешни работи на Бугарија, Соломон Паси, го поддржа повикот на Роберсон и ја нарече Македонија – „нашиот многу добар сосед и ...

Read More »

Честитка од Македонска алијанса за европска интеграција по повод Фитер Бајрам

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упатија честитки по повод големиот муслимански празник Фитер Бајрам. Единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ, посакува празничните денови да минат во среќа, радост и добро здравје. Честит големиот празник Рамазан бајрам. Нека овие денови кај секој човек ги потврдат вредностите на слогата, толеранцијата и духовниот напредок и сите заедно да имаме спокоен и среќен ...

Read More »

Честитка од Македонското друштво „Илинден“-Тирана по повод Фитер Бајрам

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упатија честитки по повод големиот муслимански празник Фитер Бајрам. Почитувани верници со исламска вероисповед во Албанија, во нашата матична земја Македонија и во целиот свет, честитки по повод големиот празник Рамазан бајрам. Нека е честит и вековит. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме ...

Read More »