Author Archives: Весник Илинден

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Билјана Стефаноска, Директорка на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денeска во Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија оствари средба со Билјана Стефаноска, Директорка на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, ја информираше Билјана Стефаноска, Директорка на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија за најновите настани поврзани со ...

Read More »

Пратениците насилници исклучени од парламентот од 10 дена до два месеца

Секретаријатот за етика при албанскиот парламент донесе одлука, со која, пратениците кои предизвикаа хаос во салата и запалија столици пред собраниската зграда, ги исклучи од работата од 10 дена до два месеца. Два месеца  вон Собранието ќе бидат Фламур Нока, Газмент Барди и Бледион Налбати. За пратеникот Еди Палока оваа казнена мерка е 10 дена, додека други 20 се исклучени ...

Read More »

28 години од членството на Албанија во Европската конвенција за човекови права

Албанија денеска ја одбележува 28-годишнината од стапувањето во сила на Европската конвенција за човекови права (Конвенција) и Протоколот бр. 1 од неа. По нејзиното членство во Советот на Европа, на 13 јули 1995 година, Албанија ја ратификуваше Конвенцијата набргу потоа, која стапи на сила на 2 октомври 1996 година. Овој историски чекор ја означи интеграцијата на земјата во европскиот систем ...

Read More »

Николоски и Визер во преговори за нови авио-рути: Унапредување на авиосообраќајот и проширување на досегашната соработка

Заменикот на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски се сретна со извршниот директор на Визер, Јозеф Варади, за да дискутираат за нови можности во авиосообраќајот. Преку новиот јавен повик за финансиска поддршка, се очекува воведување на нови авио-линиии од Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, што ќе го поттикне развојот на патничкиот сообраќај. ...

Read More »

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари средба со амбасадорот на Албанија Денион Мејдани

Денеска министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски оствари работи средба со амбасадорот на Република Албанија, Денион Мејдани. На средбата беше потенцирана досегашната соработка на двете држави и министерствата за внатрешни работи, при што заеднички беше констатирано дека таа се одвива на исклучително високо ниво, верификувана преку бројните билатерални договори од областа на безбедноста. Посебен акцент на средбата беше ...

Read More »

Мицкоски: Постигнавме договор со германски туроператор за носење на 35.000 туристи од Европа годишно

За нас претставува големо задоволство што можеме денеска да кажеме дека во Владата, компанијата „РСД“ од Германија којашто овдека преку својот сопственик, г. Кристијан којшто пред мене зборуваше и даде краток вовед за тоа што тие планираат да направат тука кај нас во периодот којшто следи. Имавме можност да разговараме и како Влада да ги поддржиме нивните планови, бидејќи ние ...

Read More »

Николовски Ќафасан добива нов изглед: Модернизација за поефикасна контрола

Николовски уште еднаш пред царинските службеници потенцира дека е многу важно да се работи на менување на свеста во насока на поголема професионализација на службата, бидејќи нивното секојдневно вложување значи вложување во подобрување на условите за живот на сите граѓани. Вложувањето во инфраструктурата на граничните премини, зајакнувањето на надзорот преку воведување интелигентен систем за видео надзор и препознавање на регистарските ...

Read More »

Претседателот Иванов и Бан Ки-мун ја отворија јубилејната 15-та Школа за млади лидери

Вчера започна јубилејната 15-та Школа за млади лидери на претседателот Иванов која што ќе се одржува во следните две недели. Во периодот од 1-13 октомври 2024 година школата ќе се одвива комбинирано, онлајн и во Охрид. Оваа година, под темата „Лидерство за мир“, младите учесници ќе имаат извонредна можност да ги надградат своите вештини и визии за постигнување на траен ...

Read More »

Македонското МНР го осуди иранскиот ракетен напад, граѓаните да не патуваат во Израел, Иран и Либан

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија го осудува синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел, како и терористичкиот напад во Тел Авив, при што беа убиени шест цивили. Амбасадата во Тел Авив веќе стапи во контакт со надлежните институции на Израел, со цел потврда дека меѓу жртвите и повредените нема државјани на нашата земја. Имајќи ја предвид влошената безбедносна ...

Read More »

Хасани: Посветени за еден посилен и постабилен регион

Министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, учествуваше на самитот на Берлинскиот процес, иницијатива која одбележува 10 години од своето постоење. Хасани, на социјалните мрежи сподели моменти од учеството на самитот, оценувајќи дека Берлинскиот процес е „главен двигател на регионалната соработка, економскиот раст и интеграцијата во Европската унија за Западен Балкан“. Албанија останува посветена на унапредување на договорите за ...

Read More »