Author Archives: Весник Илинден

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска во придружба на професор Катерина Тодороска беше во официјална посета во општина Пустец

На ден 21. 04. 2025 година, Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на Македонија, г-ѓа Оливера Трајковска во придружба на професор Катерина Тодороска беше во официјална посета во општина Пустец, Албанија и се запозна со актуелната состојба, горливите проблеми со кои се соочуваат Македонците, но, и со напредокот на оваа општина. При посетата оствари средба ...

Read More »

Почина Папа Франциск: Поглаварот на Римокатоличката црква почина на 88 години

Папа Франциск почина на 88 години, соопшти Ватикан. Тој стана папа во 2013 година откако неговиот претходник Бенедикт поднесе оставка. Последните години неговото папство беше обележано со неколку посети на болници и загриженост за неговото здравје, додека претходната недела дојде до голема борба за неговиот живот. Папата од 14 февруари беше во болница за лекување на бронхитис.

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден

Среќен Воскресението Христово – Велигден Христос Восресна! Навистина Воскресна! Почитувани Православни верниците во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита Воскресението Христово – Велигден со желба да го славите во текот на многу следни години. Како православни верници, Велигден нè потсетува на моќта на Христовото Воскресение, аво нас ја буди надежта која ...

Read More »

Велигденско послание на г.г. Стефан архиепископ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

Овогодишниот Велигден го доживуваме поразлично од досега, по страшниот пожар во Кочани во кој пострадаа шеесетина наши чеда, а повеќе од двесте беа повредени. Трагедијата за кусо време, како ретко кога, го сплоти во тага и во молитви сиот наш народ, но и сите оние коишто сочувствуваа со нас. Истовремено, кочанското страдање на најсуров начин повторно нè соочи со немилосрдната ...

Read More »

Кос: Албанија е успешна приказна на проширување на ЕУ, целта е членство во 2030 година

Отворањето на нов кластер во преговорите за членство во Европската Унија е добра вест за сите жители на Албанија како идни граѓани на ЕУ и тоа е резултат на решеноста на албанските власти да ги спроведуваат реформите, истакна вечерва еврокомесарката за проширување Марта Кос по завршувањето на четвртата Меѓувладина пристапна конференција ЕУ-Албанија, на која беа отворени преговорите по Кластерот 2 ...

Read More »

Општина Пустец и годинава ќе организира велигденски турнир во фудбал

Општина Пустец и годинава ќе организира турнир во фудбал, во рамки на одбележувањето на празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден, за што отворен е повикот за пријавување, информираше за МИА, градоначалникот Пали Колефски. На Велгиденскиот турнир во фудбал, кој станува традиционален право на улество имаат екипи од сите населени места во нашата општина. До Секторот за култура и спорт во ...

Read More »

Мицкоски: Очекувам плодни и успешни средби коишто ќе значат зајакнување на економската соработка помеѓу двете држави

Од денес па до четврток, заедно со тим од Владата, заедно со тим од мојот кабинет, се наоѓаме во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во билатерална посета. Деновите коишто следат очекувам да бидат многу плодни и успешни средби коишто ќе значат зајакнување на економската соработка помеѓу двете држави. Денес, впрочем денот го започнавме со исклучително квалитетна и пријателска би рекол средба којашто ја имав со Неговото височество, претседателот на ОАЕ. На ...

Read More »

Николоски од Абу Даби: Многу отворени теми и можности за силна соработка во повеќе сектори

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, како дел од владината делегација која е во официјална билатерална посета на Обединетите Арапски Емирати, се сретна со Претседателот на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Абу Даби, Неговото височество, Шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан. Многу отворени теми и можности за силна соработка во повеќе сектори. Разговаравме за соработка во ...

Read More »

Објавена „Час по незадолжителна лектира“ од Мојсова-Чепишевска – прва книга за македонскиот роман во 21. век

Неодамна, книгоиздавателството „Матица македонска“ ја објави книгата „Час по незадолжителна лектира“ од универзитетската професорка Весна Мојсова-Чепишевска. Станува збор за прва книга з македонскиот роман во 21. век и за издание со иновативна структура што е прво од ваков формат објавено кај нас. Претходно, во оддена монографска публикација претставени беа критичките согледби за македонскиот роман само до 2000 година, со книга ...

Read More »