Честитка по повод Курбан Бајрам од Македонското друштво “Илинден“-Tирана

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Курбан Бајрам. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат.

Помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба. – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај и координаторот  на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за областа Голо Брдо, Фатри Фетаху.