Author Archives: Весник Илинден

Влада на Обединетото Кралство: Премиерот ја поздрави одлуката за стратешко партнерство со Македонија

Прес-службата на Владата на Обединетото Кралство обавува дека премиерот Кир Стармер, се сретна со премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски на самитот на Европската политичка заедница. Премиерот почна со поздравување на новото стратешко партнерство меѓу двете земји, со што дополнително се зајакнуваат односите меѓу Велика Британија и Македонија. Партнерството ќе го нагласи растечкото пријателство меѓу двете земји и ќе сигнализира намера ...

Read More »

Русија и Украина договорија размена на заробеници

Во првата директна средба по неколку години, украински и руски претставници договорија размена на по 1.000 воени заробеници. По средбата која траеше 90 минути, договорено е да се разменат предлози за прекин на огнот. Размена на заробеници и предлози за прекин на огнот, договорија Русија и Украина на првата директна средба која треба да донесе крај на руската агресија. Размената треба да ...

Read More »

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, и премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер во Тирана потпиша договор за стратешко партнерство меѓу двете земји

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, и премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, денеска во Тирана излегоа со заедничка изјава по повод потпишувањето на меѓувладин договор за стратешко партнерство меѓу двете земји. „Имаме цврсти односи меѓу нашите две земји. Фактот што успеавме да го потпишеме овој договор е од голема важност и покажува дека ќе можеме заеднички да решаваме многу ...

Read More »

Мицкоски – Рама: Заедно цврсто чекориме по патот кон ЕУ

Секогаш е посебно задоволство кога со нашите соседи градиме разбирање и заедничка визија. Денеска со премиерот Рама во Тирана имавме исклучително конструктивен и пријателски разговор, исполнет со заемна почит и желба за напредок. Заедно, цврсто чекориме по патот кон Европската Унија, посветени на иднината што ја градиме со партнерство, дијалог и заеднички вредности, напиша на Фејсбук претседателот на владата, Христијан ...

Read More »

Премиерот Мицкоски на Самит на Европската политичка заедница во Тирана

Во Тирана денеска ќе се одржи шестиот Самит на Европската политичка заедница на тема „Нова Европа во новиот свет: единство – соработка – заедничко дејствување“, на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски. Главна тема на Самитот, чии кодомаќини се претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и албанскиот премиер Еди Рама, ќе биде безбедноста и заедничката визија за иднината на Европа. Во ...

Read More »

Урсула фон дер Лајен од Тирана: Нашата иднина е заедничка

Од Тирана пред почетокот на самитот на Европската политичка заедница, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, даде јасна порака за единство и соработка. Опкружена со водачите на Западен Балкан – Косово, Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија и други европски лидери, таа ја подвлече важноста на заедничката припадност. „Нашето европско семејство на вредности ги надминува границите на Европската ...

Read More »

Кошта од Тирана: Албанија може да биде во европското семејство и пред 2030 година

Албанија би можела да биде во европското семејство дури и пред 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на заедничката прес-конференција во Тирана, со премиерот Еди Рама. Не барам некој волшебен датум. Ќе ги гледаме достигнувањата на Албанија ден по ден. Зошто не порано? Зошто не пред 2030 година. Ако продолжи со овие резултати, можно е да се ...

Read More »

За безбедноста на Самитот на европската заедница во Тирана ќе се грижат над 1.500 полициски службеници

Повеќе од 1.500 албански полицајци од сите структури, вклучувајќи го сектор за антитероризам, сообраќајната полиција,  јавен ред и мир, криминалистичка, но и општинската полиција ќе бидат на терен за непречено одвивање на самитот што утре ќе се одржи во Тирана. На терен има и групи за антиексплозиви, кои ги следат главните патишта и го надгледуваат целиот безбедносен периметар, а по ...

Read More »