Author Archives: Весник Илинден

Во Албанија минатата година запленет имот вреден 59 милиони евра

Првиот човек на СПАК, Алтин Думани, го истакна напредокот постигнат во борбата против перењето пари и организираниот криминал, откривајќи дека вредноста на запленетите и конфискувани средства за 2024 година изнесува 59 милиони евра. Според него од вкупниот износ, 10 милиони отпаѓаат на криптовалути, што „масовно се користат од криминалните организации“. Борбата на СПАК против перењето пари има за цел да ...

Read More »

Само поштарината за гласањето на дијаспората ќе чини 12,5 милиони евра

Парламентарните избори на 11 мај, Албанија ќе ја чинат повеќе од планираниот износ, посебно поради гласањето на дијаспората, за што поштенските трошоци паѓаат на товар на Централната изборна комисија, (ЦИК), како и потребата од ангажирање дополнителен број, од 80 лица, за пребројување на гласачките ливчиња, поради големиот број регистрирани за гласање од дијаспората. Правото на глас на дијаспората, што се ...

Read More »

ММДЧП: Постери со кои се бара укинување на Преспанскиот договор

Постери со кои се бара крај на присилната промена на името во „Северна Македонија“ и враќање на вистинското име на Македонија се проширија низ Македонија. Кликнете тука и тука да видите галерија со фотографии, а дополтнителни фотографии има на нашите страници на социјалните мрежи (линкови подолу). Англискиот превод на пораката е: Илегален закон не е закон. Нема веќе изговори. Нашето име е МАКЕДОНИЈА. „Договорот ...

Read More »

Комитетот за национални малцинства на Албанија објави текстови со фотографии за македонските народни носии во Мала Преспа и Голо Брдо

Комитетот за национални малцинства, што е орган на албанската влада, во кој членуваат по еден претставник на признатите малцинства,  објави текстови со фотографии за македонските народни носии во Мала Преспа и Голо Брдо. Преспа е регион кој низ вековите бил раскрсница на различни култури и традиции, но македонската народна носија од овој крај остана единствен белег на македонскиот народ, стои ...

Read More »

Бобоштица, патување низ традицијата и автентичните вкусови

Бобоштица е едно од села што ќе биде претставено на саемот за туризам ИТБ во Берлин од 4 до 6 март. Германската амбасада во Тирана денеска сподели некои од карактеристиките на ова село, кое има илјадници причини за посета. Туристите кои сакаат да ја посетат Бобоштица можат да уживаат во свежиот воздух, традиционалната кујна и гостопримството што го прави ова ...

Read More »

21 година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Во Скопје, Струмица и во Ротимље близу Мостар денеска ќе бидат одбележани 21 година од авионската несреќа во која животот го загубија поранешниот претседател Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Членови на семејствата, државни и други делегации ќе положат цвеќе на гробот на Трајковски Градските гробишта Бутел во Скопје и на спомен-обележјата во Ротимље и во ...

Read More »

Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплатува патарина

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема да се наплатува патарина. Ова го објави како „поволна вест” албанскиот премиер Еди Рама, во директна комуникација со граѓаните, неговиот поткаст, “Очи во очи” на Фејсбук. Иако е дел од јавно-приватно партнерство, патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ...

Read More »

На најголемиот светски саем за туризам ИТБ Берлин почесно место ќе има Албанија

На најголемиот светски саем за туризам ИТБ Берлин, кој ќе се одржи од 4 до 6 март, почесно место ќе има Албанија. Во објавата објавена од министерката за туризам Мирела Кумбаро, се наведува дека на овој настан ќе се разговара за сите причини кои ја прават нашата земја многу посакувана туристичка дестинација. „Заедно со премиерот Еди Рама, партнерите, тур-операторите и ...

Read More »

Македонија: Средба на претседателката Сиљановска Давкова со директорот на Агенцијата за иселеништво

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со директорот на Агенцијата за иселеништво, г. Горан Ангелов. На средбата, директорот ја информираше претседателката за организацијата на Агенцијата и за човечките ресурси во неа, како и за преземените и планираните активности, неопходни за унапредување на односите и соработката со нашите иселеници и нивните различни иселенички организации. Тој истакна дека Агенцијата остварува интензивна соработка со импозантна иселеничка ...

Read More »

Јавниот долг на Албанија на најниско ниво од 2008 година

Јавниот долг на Албанија на крајот на 2024 година се намалил на ниво од 54,73 отсто од Бруто домашниот производ, наспроти 55,8 отсто, колку што се предвидуваше. Намалувањето на јавниот долг на ниво од 54,73 од БДП е и најниско ниво од 2008 година, кога долгот изнесуваше 54,8 отсто. Официјалните податоци од статистичкиот билтен на Министерството за финансии покажуваат намалување ...

Read More »