Националниот парк Преспа доби туристички информативни табли на три јазици Албански, Македонски и Англиски за добредојде на сите негови главни влезови. Во иднина процесот ќе продолжи со поставување вертикална сигнализација на сите пешачки патеки како и планинарски знаци, претворајќи ја Преспа во модел за сите национални паркови во државата.
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Каталина Новак во Тирана: Западен Балкан битен за безбедноста на Европа
Претседателката на Унгарија, Каталин Новак, која на покана на претседателот Бајрам Бегај е во официјална посета на Албанија, на заедничката прес конференција го нагласи значењето на Западен Балкан за безбедноста на Европа. Среќна сум што сум во Тирана, посетата ми значи многу. Во текот на оваа година се обидов да бидам дипломатски активна. Балканот е многу битен, бидејќи од него ...
Read More »1-ви јуни – Меѓународен ден на детето
Ова е еден од најстарите интернационални празници и се верува дека почнал да се слави 1925 година за време на одбележување на ,Светската конференција за зголемување на благосостојбата на децата во Женева 1 Јуни освен што го најавува летото, значаен е и по тоа што се прославува Меѓународниот ден на детето. Ова е еден од најстарите интернационални празници и се верува ...
Read More »“Ево иде Ѓурѓовден” нова песна посветена на Македонците од областа Гора (ВИДЕО)
Музичката група со потекло од областа Гора издаде нова песна посветена на Македонците од областа на Гора во Албанија посветена на Ѓурѓовден Песната е насловена “Ево иде Ѓурѓовден”. Текстот и музика на песната се на Горан Борјан (Рамче), пее Горан Борјан (Рамче) и Фатмир Красниќи. Спонзор на песната е Арбен Мифтаралари. Македонски весник “Илинден” им посакува уште многу успеси на ...
Read More »35 години Лекторат по македонски јазик на Шлезискиот универзитет во Полска
Се чествува уште еден значаен јубилеј за македонистиката – триесет и пет години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, Полска. Универзитетски центар на кој македонистиката се изучува на сите циклуси на студии – од додипломските до докторските, при што има и докторанти по македонски јазик. Заедничките заложби и ...
Read More »Објавен Конкурсот за учество на 14. школа за млади лидери на поранешниот, Претседател на Република Македонија проф. д-р Ѓорге Иванов
Кабинетот на поранешниот претседател Иванов информира дека 14-та Меѓународната обука за млади лидери на претседателот Иванов ќе се одржи во периодот од 7-19 октомври 2023 година. Денес е објавен конкурсот за учесници на школата која ќе биде на темата „Образование – Трансформација – Лидерство“. Рокот за аплицирање на конкурсот е до 21 јуни 2023 година. Програмата на 14-та Школа за млади лидери на претседателот Иванов се организира комбинирано, онлајн и во Охрид. Таа е наменета за млади ...
Read More »Оддадена почит на Спасе Мазенковски, еден од најголемите борци за правата на Македонците во Албанија
Општина Пустец на петгодишнината од смртта му оддаде почит на Спасе Мазенковски, големиот македонски патриот, писател, новинар и публицист и еден од најголемите борци за правата на Македонците во Република Албанија. На настанот одржан во салата на Советот на општината присуствуваа неговио син Владимир и ќерката Елеонора, негови сограѓани, колеги, претставници на локалната власт, на македонската партија МАЕИ, како и ...
Read More »Билјана Ангелова е нова ректорка на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“
Професорката на Економскиот институт Билјана Ангелова е новиот ректор на најстариот и најголем универзитет во земјава, „Св.Кирил и Методиј“. Ова го покажале конечните резултати од денешното гласање за нов ректор, кој се одржа на 23 факултети и 5 институти. Ангелова, која досега ја вршеше функцијата проректор за финансии, ќе биде ректор до 2026 година, односно ќе има тригодишен мандат. Право ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана потпиша Меморандум за соработка со Централниот совет на Македонците во Германија
Македонско друштво “Илинден“-Тирана од Република Албанија преставувано од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, потпишаа Меморандум за соработка со Централниот совет на Македонците во Германија од Сојузна Република Германија преставувано од претседателот г-дин Роберт Кленкоски, со цел промоција на македонските национални, традиционални и историски вредности (македонска култура, македонски јазик, традиции, фолклор) на национално и меѓународно ниво. Двете Здруженија покажаа интерес за градење на ...
Read More »Ердоган прогласи победа, приврзаниците слават по улиците на Истанбул
Денеска во Турција се одржа вториот круг од претседателските избори, а борбата се водеше меѓу актуелниот и долгогодишен претседател на државата Реџеп Тајип Ердоган, кандидатот на Народната алијанса и кандидатот на опозициски Национален сојуз, Кемал Киличдароглу. Според резултатите што ги објави државната новинска агенција Анадолу – Ердоган останува претседател на Турција. Според резултатите на Анадолија, врз основа на нешто повеќе ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden