Author Archives: Весник Илинден

Кристиан Трајче избран за претседател на Општинскиот комитет на Македонска алијанса за европска интеграција за областа Преспа

За нов претседател на  Општинскиот комитет на партијата Македонска алијанса за европска интеграција МАЕИ е избран Кристиан Трајче од село Туминец, Општина Пустец. На состанокот присуствуваше раководството на партијата, претседателот Васил Стерјовски, генералниот секретар Таќо Гроздани и потпреседателот на МАЕИ за делот на Преспа Ефтим Митревски. Искрено се радувам на изборот за претседател на Општинскиот комитет на Македонска алијанса за ...

Read More »

Kолумна на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски: Европскиот суд за човекови права, Македонците и Бугарија

Минатата недела ПС на Совет на Европа усвои два извештаи кои се однесуваат на прилагоденоста на уставите на земјите членки со  Европската конвенција за човекови права, како и за спроведувањето на пресудите на Европскиот Суд за човекови права чија основа за работа е токму Европската конвенција за човекови права која преставува основа на правата на национално самоопределување, јазична и културна ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари работна средба со државниот секретар во Министерството за надворешни работи

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај во Министерството за надворешни работи на Македонија оствари средба со г-дин Филип Тосевски, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Македонија. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира г-дин Филип Тосевски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат ...

Read More »

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

По повод одбележувањето на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, македонското друштво “Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо, упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот.  Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме знаењето и негувањето на македонскиот јазик за децата од македонското национално малцинство во Република ...

Read More »

5 Мај – Денот на македонскиот јазик

На денешен ден 5 мај 1945 година со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик. Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и ...

Read More »

Промовиран зборник „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“

Промовиран зборник „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ во МАНУ.Содржи новооткриени факти и нов пристап на досега неразработени теми за животот и делото на македонскиот великан. Тврдењата дека Делчев припаѓа на бугарската историја се косат со вистината. Не може политичка комисија со некомпетентни членови да носи одлуки за историјата, порача главната промоторка на зборникот Катерина Тодороска. Свое обраќање на промоцијата ...

Read More »

120 години од смртта на Македонскиот револуционер Гоце Делчев

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Загина во предвечерието на Илинденското востание на 4 мај 1903 година во ...

Read More »

Проф. Катерина Тодороска: Гоце Делчев не може да се слави заеднички со Бугарија

Ние не можеме да бидеме заложници на некој што сака. Очигледно, Бугарија моментно се обидува да не уценува. Дали ние ќе бидеме жртва на уцена, тоа е наша работа. Меѓутоа, еве јас како историчар најодговорно тврдам дека нема апсолутно никаква потреба и никаква наша обврска ние да прифатиме нечија уцена. Знаете, има држави во кои уценувањето се казнува многу построго ...

Read More »

Рама: Настанот во Белград е крајно тажен, сочувство до семејствата, српскиот народ и властите

Премиерот Еди Рама реагираше по трагичниот настан во Белград, каде што девет лица, од нив осум ученици, беа убиени од пукањето во основно училиште „Владислав Рибникар“. Рама изразува длабоко сочувство до семејствата на жртвите, како и српскиот народ и власти а на повредените им посакува побрзо закрепнување. Премногу е тажно да се слушне за денешното пукање во училиште во Белград. ...

Read More »

Потрага по корените на Горан Стефановски: „Домот е таму каде што боли“

Корените на родот на Горан Стефановски се од селото Ербеле, во денешна Албанија Иван Антоновски „Сè се движи. Птиците и јагулите, заедниците и поединците, атомите, молекулите. Постои миграција, во простор и време, ширење и мешање и повторно мешање на култури и форми и идеи. Тоа е суштинско нешто: метаморфоза, трансформација, спогодување и адаптација. Тоа е животот. Хенинг Манкел еднаш напишал: ...

Read More »