Со песни и торжество, со благодарности и славословија, Бигорски манастир го слави богопрославениот патрон, својот заштитник, закрилник и небесен застапник, светиот славен и чесен пророк, Претеча и Крстител Господов, Јован. Неговата чудотворна Бигорска икона и светите мошти во цветно украсениот храм излеваат благомирис и радост низ неговиот дом на падините од Бистра и ги напојуваат и успокојуваат душите на населниците ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Албанија: Кибер нападот врз системот TIMS ги парализа сите гранични премини
Кибер-нападот од Иран, чија жртва беше системот ТИМС, ги парализираше сите гранични премини на Албанија, јави Топ чанел. Нападот бил откриен од полициски специјалци во синоќа околу 22 часот, при што е блокирана работата на гранични премини Какавија, Капштица, Муриќан, Ќаф Бота, Ќафасан, пристаништата Драч и Валона и аеродромот во Тирана, наведува телевизијата. На граничниот премин Капштица поради рачните процедури ...
Read More »Рама: Нов кибернапад врз TIMS системот
Нов кибернапад сличен на оној на владините служби 15 јули, овој пат на TIMS системот на граничните премини во Албанија. Веста ја соопшти премиерот Еди Рама, кој на објава на Твитер напиша дека нападот го извршиле истите агресори. Уште еден кибернапад од истите агресори, веќе разоткриен и осуден од сојузничките и пријателски земји на Албанија, се случи синоќа на системот ТИМС. ...
Read More »Чарлс Трети официјално станува крал на Британија (ВИДЕО)
Чарлс III денеска официјално беше именуван за нов крал на Британија на церемонија пред Советот за пристапување во палатата Сент Џејмс во Лондон. Состанокот на Советот за пристапување, церемонијално тело, започна во осум часот по локално време и ќе има два дела – објавување на новиот монарх и потпишување на кралската заклетва за зачувување на безбедноста на црквата на Шкотска, ...
Read More »Писмо од рускиот патријарх г.г. Кирил до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан
По донесената Одлука од 25 август 2022 година на Свештениот собор на Руската православна црква за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на 08 септември оваа година, Неговата Сесветост Патријархот Московски и на сите Руси г.г. Кирил испрати писмо до Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во ...
Read More »Новиот британски крал Чарлс III и се обраќа на нацијата по смртта на кралицата Елизабета Втора (ВИДЕО)
Новиот британски крал Чарлс III ѝ се обраќа на нацијата по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. Чарлс III, кој побрза да биде покрај кралицата пред таа да умре во нејзиниот дом во Шкотска, допатува назад во Лондон со сопругата Камила. Илјадници луѓе ги пречекаа пред Бакингемската палата. Пред обраќањето, кралот ја одржа својата прва средба со премиерката Лиз ...
Read More »Блуши: Македонското малцинство богатство за Албанија
Генералниот секретар на Партијата на слободата, Теди Блуши, денеска престојуваше во Пустец, единствената македонска општина во Албанија. Тој оствари средба со претседателот на огранокот на партијата Панди Јани, како и членови и симпатизери. Во објава на Фејсбук Блуши напиша дека македонското малцинство е богатство за Албанија и оти на средбата разговарале за преземање неопходните мерки за стопирање на депопулацијата на ...
Read More »ВМРО – ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за референдум во Собранието
Со првично собрани 650 потписи за половина час ВМРО-ДПМНЕ и официјално ја поднесе иницијативата во законодавниот дом за референдумското прашање дали сте за укинување на важноста на Законот за ратификација на Договорот за добрососедство и пријателство помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија. Иницијативата е поднесена онака како и што во 2018 та е потпишан договорот меѓу ...
Read More »Железна црква „Свети Стефан“ во Истанбул изградена од Македонци (ФОТО)
Православната црква „Свети Стефан“ во Цариград позната како Железна црква, која пред 1912 година била изградена со парите на охриѓаните, ресенчаните, велешаните и македонци од егејска македонија. Исто така, малкумина знаат дека во дворот на црквата се погребани многумина познати историски фигури меѓу кои и Партеније Зографски кој бил првиот македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и црковни ...
Read More »Во Тирана одбележан денот на независноста на Македонија
Вчера во просториите на Македонскиот културно информативен центар во Тирана, Амбасадата организираше пригодна прослава на 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија. На прославата, меѓу поканетите гости, присуствуваа и претставници од Македонското национално малцинство, македонските друштва, македонската бизнис заедница, но и новодојдените фудбалери кои настапуваат во албанските фудбалски клубови. Во својот пригоден говор амбасадорот Марковски истакна дека патотн по ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden