Author Archives: Весник Илинден

Преспанското езеро најплитко во последните 30 години

Драстичниот пад на нивото на Преспанското езеро и алармантната состојба во која тоа се наоѓа може да се одрази и врз Охридското, сметаат хидролозите. Според Здравко Крстаноски, хидролог во пензија, дури 50% од водата од Преспанското езеро се влева во изворите кај Свети Наум од каде Охридско се напојува со вода. Тој сепак смета дека главна причина за моменталната ситуација ...

Read More »

Доктор Драган Клопчевски посветено работи во Дебарската болница

Примариус доктор Драган Клопчевски кој е специјалист интернист од Дебар, кризната состојба во Дебар во петокот вечерта ја дочека во Скопје каде живее со семејството. По саботата која му беше слободна утрово повторно се враќа во дебарската болница. Мината недела имал четири ноќни дежурства, така ќе биде и неделава. Но оваа недела  нема да се враќа кај сопругата и децата во ...

Read More »

СМК со загриженост ја следи состојбата во врска со коронавирусот заради здравјето и животот на Македонците по род и државјанство во таковината и светот

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со сериозност и загриженост ја следи состојбата во Македонија и меѓународната заедница, во врска со пандемијата со коронавирусот, заради здравјето и животот на Македонците по род и државјанство во таковината и светот. Повеќе и не е важно дали пандемијата е производ на еволуција или конспирација на Новиот светски поредок и неговиот експонент Сорос за специјална биолошка ...

Read More »

Изработена мапа за следење на коронавирусот во Македонија

Изработена е првата интерактивна мапа за следење на состојбта со коронавирусот во земјава.Мапата ја изработи компанијата ГДИ, која се занимава со софтверски решенија. Мапата ги прикажува местата на кои има заразени со коронавирус, како и нивниот пол и години. Податоците ќе се ажурираат дневно, од официјални извори. Мапата можете да ја следите ТУКА.

Read More »

Од утре на полноќ Албанија ја затвора границата со сите соседни држави

Од утре на полноќ Албанија ќе биде целосно изолирана. Премиерот Еди Рама најави дека копнената граница на Албанија ќе биде отворена само за транспорт на стоки. „Од утре, недела на 15 март на полноќ, 00:00 часот, целосно се забранува влез во Албанија од Црна Гора, Косово,  Македонија и Грција за сите патници со автобуси, микробуси или автомобили! Копнената граница на ...

Read More »

Манастирите Бигорски и Рачјица во изолација молитвите и литургиите непрестајно се одвиваат

Возљубени верници, поклоници и пријатели, Согласно новонастанатата состојба со ширењето на Covid-19 (корона вирус) во Македонија и препораките на Светската здравствена организација, на Вселенската Патријаршија и на Светиот Синод на МПЦ – Охридска Архиепископија, како и во согласност со најновите профилактички мерки на надлежните државни институции кај нас, со цел подобро справување и целосно спречување на ширењето на вирусот, ве ...

Read More »

Бројот на заболени лица од коронавирус во Албанија се искачи на 38

Бројот на заразени лица од корнавирусот во Албанија се искачи на 38 според до овие моменти 38 случаи се позитивни на Ковид-19, изјави заменик министерката за сдравство, Мира Ракацоли. Новите случаи се регистрирани во Драч, Елбасан, Рогожина, Лушња, Фиер и Тирана. Сите новозаболени биле во Италија.

Read More »

Македонија: МНР формира координативно тело за помош

Во рамките на Министерството за надворешни работи е формирано координативно тело за помош и поддршка на државјаните на Република Македонија кои се наоѓаат затекнати на граничните премини на други држави и аеродроми, поради новонастанатата ситуација со коронавирусот (COVID-19). МНР укажува дека сите македонски граѓани во вакви ситуации информациите да ги доставуваат преку следните канали на комуникација: +389 75 273 732 (редовна ...

Read More »

Албанија забрани користење приватни возила, апел до граѓаните да останат дома

Албанија го забрани користењето приватни возила, ќе затвори голем број установи, а до граѓаните апелираат да останат дома. Оваа одлука стапува на сила утре. Поради коронавирусот ќе биде забранета употребата на сите приватни возила во осум албански градови. Ќе сообраќаат само државните, товарните и амбулантните возила. Забраната се однесува на периодот од сабота од 6 часот наутро до недела на ...

Read More »

Македонците од Канада бараат оставка од пратеникот Роб Олифант

Во своето обраќање на македонски настан во Торонто минатиот месец, пратеникот Роб Олифант од Либералната Партија на Канада зборуваше за Република Македонија користејќи го крајно навредливиот израз „Северна Македонија“ – со кој се негираат македонското име, идентитет и историја и се промовира менувањето на името на Република Македонија кое беше наметнато од страна на САД. Г-дин Олифант е парламентарен секретар ...

Read More »