„Авантуристички парк“ во Шиштеец областа Гора подготвен да ги пречека првите гости (ФОТО)

„Авантуристичкиот парк“ во Шиштеец областа Гора, инвестиција која ќе создаде можности за зголемување на економскиот потенцијал на областа Гора, е подготвен да ги пречека посетителите.

Премиерот Еди Рама денеска на социјалните мрежи ги сподели сликите од изградбата на овој парк, кој се смета за златна можност за развој на туризмот во овој агол на Албанија.

Рама рече дека „Авантуристичкиот парк“ во Шиштеец областа Гора е подготвен да ги пречека првите гости“.

„Авантуристички парк“ е проект што го доби општина Кукс во рамките на Програмата за регионален развој и кохезија оваа инвестиција ќе ја промовира областа Гора преку создавање простори за развој на авантуристички туризам и спорт.

На само 30 километри од Кукс, Шиштеец областа Гора е дел од паркот Кораб-Коритник со посебни пејсажи и природни споменици како што се Брезовите шуми, утринскиот камен, планината Калабак.

Регионот на Гора, поделен е на три држави, Албанија, Косово и Македонија. Во областа Гора во Албанија има девет села населени со Македонци. Во Гора на Косово има дваесет села населени со Македонци, додека во Македонија има две села од областа Гора населени со Македонци.