Австралија изброи 111.352 Македонци, половината сѐ уште говорат македонски јазик

Во Австралија живеат 111.352 граѓани со македонско потекло, покажа најновиот попис во оваа држава. Од нив, дури 66.173 изјавиле дека го зборуваат македонскиот јазик дома и покрај фактот дека некои од иселените што се таму се трета генерација. Според информациите од Австралија, бројот на попишани кои зборуваат дома македонски е поголем за околу 170 во споредба со пописот пред пет години, а бројот на граѓани што се изјасниле како Македонци е зголемен од 97.000 на сегашните 111.352, што е потврда дека продолжува иселувањето на овој континент. Најголем број од нашите иселеници живеат во сојузната држава Викторија (49.429) , а најмалку (78) во централна Австралија.

Advertisement