Австрија: Курц победник на предвремените парламентарни избори

Народната партија на Австрија на Себастијан Курц победи на денешните предвремени парламентарни избори, покажуваат првичните резултати. Според ова, Курц би можел да стане најмладиот канцелар во историјата на Австрија, но со 31 година ќе биде и најмладиот премиер во светот.

ОВП, според пребројаните 42,4 отсто од гласачките ливчиња, освои 30,2 отсто од австриските гласови, а во однос на минатите избори во 2013 година, тоа се плус 6,3 отсто. Со ова ОВП после многу години е повторно на прво место на политичката сцена во Австрија.

На второ место е партијата на Хајнц-Кристијан Штрахе, која освои 26,8 отсто од гласовите, а на третата позиција е партијата Неос со освоени 5,3. Се очекува во парламентарните клупи да седнат и пратеници од Зелените со освоени 4,9 отсто гласови.

Advertisement